29.05.2022

Во финалниот натпревар беа подобри од кавадаречки Јасмин 95 со резултат (52:34)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Девојчињата на Вардар најдобри во М12 лигата

Младите кошаркарки на Вардар се победници во М12 лигата. А до победничкиот пехар и златните медали стигнаа по победата од (52:34) во финалниот дуел против екипата на Jасмин 95 од Кавадарци.

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Спорт Тим од Неготино излезе како победник во „малото финале“ против Струга 2009 (29:19), и ги освои бронзените одличја на турнирот за оваа најмала возрасна категорија во женскиот сегмент на младинските лиги.

Теа Трајковска, кошаркарка од победничката екипа, беше прогласена и за најкорисна на дводневниот собир на четирите најдобри екипи во оваа конкуренција.

 ФОТО: Теа Трајковска од Вардар беше прогласена за МВП на турнирот

ФИНАЛЕ

ЈАСМИН 95 – ВАРДАР     34:52

(5-15; 5-13, 5-20, 19-4)

ЈАСМИН 95: Василева, Смилева 5, Грижева Б 2, Димова 2, Китева 4, Ѓорева 8, Стојановиќ, Мегленова 13, Палкова, Алексова, Динова, Грижева Т

ВАРДАР: Андриевска 2, Станојоска, Ивановска 4, Ѓорѓевиќ 2, Стојановска 3, Филиповска, Ефтовска 10, Гимовска 2, Николиќ, Столевска 4, Димитриевска, Трајковска 25;

ЗА ТРЕТО МЕСТО

СПОРТ ТИМ – СТРУГА 2009       29:19

(18-6; 6-3; 3-6; 2-4)

СПОРТ ТИМ: Зафирова, Пејкова, Коцева, Јовановиќ 10, Смилкова, Петрова, Димова 4, Волкановска, Тодорчев, Нацева. Трајкова, Леова 15;

СТРУГА 2009: Ѓуроска, Милчин 12, Абдулаи, Бујари, Дишлиоска, Фејзулаи, Ангелеска 1, Затуроска, Шикоска, Хаџиева, Зиба 2, Ниноска 4;