11.06.2022

Во првиот полуфинален натпревар на завршниот турнир, младите кошаркари од Кисела Вода подобри од Феникс 2010 со резултат (70:64)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Екипата на Академија ФМП е прв  финалист во М16 лигата

Во првиот полуфинален натпревар, екипата на Академија ФМП стигна до триумф против Феникс 2010, вреден место во финалето

ФЕНИКС 2010 – АКАДЕМИЈА ФМП     64:70

Апсолутно изедначен беше првиот меч од завршниот турнир во М16 лигата кој стартуваше денеска во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Феникс 2010 и Академија ФМП потврдија дека со право се меѓу четирите најдобри во оваа конкуренција, но и дека се доста изедначени според квалитетот.

Потврда на тоа беше и „движењето на резултатот“ во текот на сите 40.минути од првата пресметка за место во финалето. Ниту една од двете екипи-полуфиналисти не успеа да креира разлика кој би ја опишале како двоцифрена.

Освен тоа имаше и голем број на промени на водството.

А како по некое правило, одлуката стигна во финалните минути.

По водството на Феникс 2010 од (58:53), следуваше серија на Академија ФМП, од (10-2), за преземање на водството од (63:60) на две минути пред крајот. За момент врати најдобриот поединец кај Феникс, Стојковиќ, кој со својот 32.поен, намали на (62:63). Но младите „лавови“ имаа одговор. Го одбранија тој „минималец“. Поведоа со (67:62) на влезот на последната минута.

Поповиќ реализираше 20.поени, Николов имаше 19, а Стојановиќ уште 11.поени за победничката екипа. На другата страна, Стојковиќ застана на 32, Димевски дополни 15, а Стефановски даде уште десет поени.  

Нешто подоцна, од 19.30 часот, на истото место, во вториот полуфинален натпревар на турнирот, ќе се сретнат екипите на Вардар и Видно Санс.