16.05.2022

Во финалето од оваа возрасна категорија, беа за малку подобри од екипата на Вардар (49:47)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е шампион во М12 лигата!

По три четвртини од финалето, момчињата во „сино-бела“ комбинација имаа предност (42:36).

На четири минути пред крајот, „вардарци“ беа во водство (43:42). Но за кратко, затоа што по тројката на Коневски, нова промена на резултатото во корист на МЗТ Скопје Аеродром (48:45) на неполни две минути до крајот на возбудливиот финален меч во СРЦ „Кале“.

Победата за својата екипа ја осигура најдобриот играч на екипата од Аеродром, Филип Ѓорѓиевски. Погоди едно слободно фрлање (негов 17.поен) за недостижни за противникот (49:45).

Младиот кошаркар од редовите на победничката екипа беше прогласен и за најкорисен играч на финалето, воедно со 17.поени беше и прв стрелец на средбата.

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Водно Санс од Скопје славеше победа против Шкупи со резултат (58:34).

ФИНАЛЕ

ВАРДАР - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ    47:49

(10-11; 16-19; 10-12 11-7)

ВАРДАР: Поповски 6, Нешковски 0, Бајрами 1, Дојчиновски 3, Секуловски 3, Чадимовски 10, Марковски 6, Спиревски 4, Трпчевиќ 10, Курт 0, Стефановски 1,  Манчевски 3; 

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Котевски 3, Димишковски 6, Јовановски 1, Шилковски 2, Гајиќ Ј 8, Гајиќ С 0, Гацов 0, Јагуриновски 2, Ѓорѓиевски 17, Коневски 5, Марковски 0, Пејковски 5;

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

ВОДНО САНС – СКОПЈЕ  58:34

(15-5; 10-10; 15-9; 18-10)

ВОДНО САНС: Бутемер, Талевски 2, Ефтимов В, Китановски 7, Богоевски 6, Стаменковски 21, Мојсовски Давор 5, Мојсовски Д -, Ефтимов Е. 6, Муратовски 6, Алексовски, Милошевски 2;

ШКУПИ: Зекири 1, Џафери 9, Криезиу, Салиу 2, Мифтари, Јахјага 3, Рамадани 4, Лачи, Тахири, Лика 11, Зендели 3, Лесковица 2;