Овој викенд на ред следува и финалниот турнир, односно завршницата во М18 лигата во машка конкуренција.
Екипата на Кожув од Гевгелија ја доби организацијата на турнирот, кој на 19.мај (недела) и 21.мај (вторник) ќе се игра во спортската сала „26.април“ во Гевгелија.
Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Водно санс и на Феникс 2010 е закажано недела, од 16. часот. А нешто подоцна, од 19. часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите на Вардар и домаќинот на турнирот, екипата на Кожув.
Победникот на финалниот турнир во Гевгелија ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 21. мај (вторник) од 19. часот. А нешто порано, од 16.часот, на распоредот е натпреварот за третото место.
М18 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
19.МАЈ (НЕДЕЛА)
ПОЛУФИНАЛЕ
16.00: Водно Санс – Феникс 2010 (1)
19.00: Вардар – Кожув (2)
21.МАЈ (ВТОРНИК)
16.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
19.00: Финале (победник 1) – (победник 2)
*Сите натпревари се играат во салата „26.април“ во Гевгелија