21.05.2024

Во натпреварот за третото место во М18 лигата, беа подобри од гевгелиски Кожув, славеа со сигурни (84:67)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Феникс 2010 е освојувач на бронзените медали

Екипата на Феникс 2010 е освојувач на третото место, односно на бронзените медали на завршниот турнир од М18 лигата во машка конкуренција за оваа натпреварувачка сезона.

Во натпреварот за треотот мсто на турнирот во Гевгелија, излегоа како победници против екипата домаќин - Кожув. 

КОЖУВ - ФЕНИКС 2010   67:84

Доста изедначено се играше во првото полувреме од натпреварот за третото место. За гостите од Скопје беше „резервирана“ првата четвртина, ја реализираа во своја корист со резултат (17:12), за домаќините пак беше втората, во која имаа четири поени повеќе од противникот (24:20).

Се заедно, за минимално водство на Феникс 2010 (37:36) на истекот на првото полувреме.

Во средината на третиот период, предводени од Стојановски и Зетов, Феникс 2010 поведе со највисоки (55:47). Но Кожув го имаше расположениот Кузманов (веќе беше на дабл-дабл ефект од 25.поени и 12.скока), кој не дозволи таа негатива за гевгеличани да биде и поголема (53:57).  Но немаше вистинска поддршка во нападот од соиграчите, а Феникс 2010 го искористи тоа за да дојде и до двоцифрена позитива (65:54), по 28.минути од мечот за третото место на турнирот.  

Покрај Зетов и Стојановски во гостинската екипа до двоен број на поени дојдоа и Стојковиќ (11), односно Цветковски (12), па по три четвртини, разликата остана двоцифрена, (67:57).

Во онаа последната, мал број на поени, што индиректно им беше поважно на гостинските кошаркари. Се мачеа, од друга страна, младите гевгеличани да поентираат, да ја симнат разликата на достижна, но тоа им одеше доста тешко. За пет минути игра во тој период резултатот беше (5-1) во корист на Феникс 2010.

За уште повисока предност, (72:58), која се покажа како недостижна за екипата од Гевгелија во „малото финале“ на одлично организираниот турнир.

Од 20. часот, во големото финале на М18 лигата, во салата „26.април“ во Гевгелија ќе се сретнат екипите на Вардар и на Водно Санс.

М18 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

Водно Санс – Феникс 2010 84:78

Вардар – Кожув 97:74

ЗA ТРЕТО МЕСТО

Феникс 2010 – Кожув      84:67

ФИНАЛЕ

20.00: Водно Санс – Вардар