12.05.2024

Во големото финале на М12 лигата, беа подобри од Водно Санс (93:82), бронзените медали за МЗТ Скопје Аеродром

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Феникс 2010 е шампион на М12 лигата!

Финалниот натпревар на завршниот турнир во М12 лигата во машка конкуренција во кој се сретнаа екипите на Водно Санс и на Феникс 2010 донесе големи возбудувања.

Особено тоа се однесува на  второто полувреме во кое двете екипи покажаа дка со право го играат финалниот натпревар во сезоната во М12 лигата.

Феникс 2010 беше многу подобра екипа во првото полувреме, за што впрочен говори и резултатот. Имаа двоцифрено водство (39:28).

На средина на третата четвртина Феникс 1010 имаше уште повисоки (50:35). Но Водно Санс симна добар дел од негативата, прво намалија на (42:54), потоа и на (48:55). Но не се задоволија со тоа, дојдоа и на само пет поени негатива (53:58).

Сепак, во четвртината на одлука Феникс 2010 „понесе“ плус 7, (61:54).

Во последните осум минути „фениксовци“ ја чуваа разликата. Имаа осум поени вишок (68:60), на нешто повеќе од пет минути до крајот. Две минути подоцна, дојдоа и до двоцифрени (74:64). Двоецот Василов-Ничевски, потпомогнати од Лескаровски, успеаја да го одбранат својот тим, ја одржаа таа предност, која беше доволна за победа (93:82) и освојување на шампионскиот трофеј.

На другата страна на теренот, блескаво издание имаше Мојсовски. Капитенот на Водно Санс реализираше неверојатни 52.поени, но тоа се покажа како недоволно да го однесе својот тим на првата поѕиција. 

Калин Василов е најкорисниот играч на турнирот во Велес

Кошаркарот на Феникс 2010, Калин Василов, заслужено, е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир кој овој викенд во Велес успешно беше реализиран од страна на КК Борец баскет.

Бекот на Феникс 2010, реализираше 33.поени во мечот за златните медали против екипата на Водно Санс, а одлично издание бекот на екипата од Скопје имаше и во полуфиналниот меч, оној против екипата на МЗТ Скопје Аеродром, кој ги донесе и до големото финале.

ФИНАЛЕ

ФЕНИКС 2010 - ВОДНО САНС   93:82

(20-12, 19-16; 22-26; 31-28)

М12 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Водно Санс – Борец баскет       69:56

Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром 46:34

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Борец баскет – МЗТ Скопје Аеродром         40:50

ФИНАЛЕ

Феникс 2010 - Водно Санс        93:82