10.01.2022

„Фениксовци“ имаат само еден пораз во десет одиграни натпревари

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Феникс 2010 и Навико Академија ФМП во трката за првото место

И во М16 конкуренцијата во календарската 2021 година беа одиграни вкупно десет кола.

А лидер во оваа младинска лига е екипата на Феникс 2010. „Фениксовци“ имаа условно кажано, само еден кикс, односно еден пораз во десет одигрни кола. И тоа во второто коло, на гостувањето кај нивниот, барем според досегашните резултати, најголем конкурент за првата позиција, екипата на Навико Академија ФМП (76:79).

Екипата од Кисела Вода пак има ефект од осум победи и два порази. Еден во возвратниот дуел со Феникс 2010 (70:78), додека пак вториот е од екипата на Партизан Водно Санс (68:81), која пак во овој дел од сезоната има ефект (6-4), доволен за позицијата број 3.

Во оваа конкуренција се војува уште на три „фронта“, второлигашки.

На Западот, две екипи имаат по шест победи, Црн Дрим (скор 6-0) и Мега Баскет (6-1) и се многу поблиску до пласман во наредната натпреварувачка фаза.

На Истокот пак, две екипи имаат по еден првенствен пораз. Лидерска екипа е Куманово, која засега има девет победи во десет одиграни мечеви, пред кочански Дино Баскет, која исто така има еден пораз, но во девет одиграни натпревари.

Во регионот „Скопје“, водечка е екипата на Тетова Булс од Тетово со максимални осум победи во исто толку одиграни средби.

Скопски ТФТ е водечката екипа, според бројот на бодови – вкупно 17 реализирани преку ефект од осум победи и еден пораз, пред Ангели кој има учинок од шест победи и два порази.  

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД ВО М-16 ЛИГАТА