Феникс 2010 ќе биде организаторот на завршниот турнир од младинската М12 лига во машка конкуренција.
Ова е епилогот од состанокот на кој требаше да биде одржано јавното наддавање за добивање на организацискиот дел од собирот на четирите најдобри екипи во најмладата возрасна категорија.
На предвидената лицитација, со свои уплати на планираниот износ се појавија два клуба, освен Феникс 2010, подготвени за наддавање беа и од велешки Борец.
Но со взаемен договор на двата клуба, одлучено е завршницата на ова натпреварување во младинските лиги да се одржи во Скопје.
Согласно со претходно утврдениот календар, полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат Струмица – Борец, односно Феникс 2010 – Куманово, ќе се играат на 13. мај (сабота).
Наредниот ден, 14. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.
Организаторот на финалниот турнир, дополнително ќе ги информира учесниците за сатнините и салата каде ќе се играат натпреварите.