31.05.2023

Завршницата во машката М16 лига ќе се игра викендов, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Феникс 2010 ќе го организира и финалниот турнир во кадетска конкуренција

Кошаркарскиот клуб „Феникс 2010“ од Скопје ја доби организацијата на финалниот турнир од М16 лигата-мажи.

Понудија најдобри услови за организирање на турнирот кој следува на 3. и на 4. јуни, а ќе се игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Одредени се и сатнините на одигрување на полуфиналните натпревари.

Првото полуфинале, кое ќе се игра на 3.јуни (сабота), во кое ќе играат екипите на Водно Санс и Баскет Кам од Македонска Каменица, е закажано за 11.часот. А од 13.30. часот, за место во финалето ќе разигруваат МКК Куманово и домаќинот, екипата на Феникс 2010.

Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 70.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 4.јуни (недела) од 13.30.часот. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 45.000 денари.

Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 11. часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 25.000 денари, поразениот тим пак ќе добие 20.000 денари од вкупниот награден фонд од 160.000 денари, кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.

М16 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

3.ЈУНИ (САБОТА)

11.00: Водно Санс – Баскет Кам

13.30: МКК Куманово - Феникс 2010

4.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

11.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)

13.30: Финале (победник 1) – (победник 2)

* натпреварите ќе се играат во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје