11.06.2021

Почеток на полуфиналните натпревари од М16 и М18 во машка конкуренција, квалификантот во финале, го победи Куманово (69:52)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Феникс 2010 прв финалист во М18 лигата

Во првиот полуфинален натпревар се сретнаа екипите на Куманово 2009 и на Феникс 2010. Иако во улога на фаворит, кумановци беа изненадени од екипата која низ баражот стигна до финалето, и меќот за титулата.

КУМАНОВО 2009 – ФЕНИКС 2010      52:69

Екипата од Скопје се стекна со двоцифрена предност во првото полувреме, По 20.минути од полуфиналето, Феникс 2010 водеше со (35:25).

Кумановци се приближија во третиот период од играта во кој намалија половина од таа негатива. Имаа достижни -5 (40:45) на влезот во последните десет минути.

Но со серија од пет поени, „фениксовци“ брзо ја вратија двоцифрената разлика (50:40) во првите две минути од тој дел од мечот. Уште повисока предност имаа во 36.минута од играта, (59:44), по што стана јасно дека квалификантот избори место во финалето закажано за утре од 19.30 часот.

Во вториот полуфинален натпревар, вечерва од 19.30 часот, се среќаваат екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и Работнички 2.

КУМАНОВО 2009 – ФЕНИКС 2010      52:69

КУМАНОВО 2009: Милјановиќ 6 Л.Димитриевски 8, Краљевски 2, Стефановски 19, Јовановиќ 12, Аврамовски 3, А. Димитриевски 2

ФЕНИКС 2010: Хот 27, Јакимовски 14, Богатиновски 8, Здравковиќ 6, Шурлинов 4, Ташев 3, Крстевски 7