Кошаркарскиот клуб „Феникс баскет“ од Скопје ја доби организацијата на финалниот турнир од М18 лигата-мажи.
Понудија најдобри услови за организирање на турнирот кој следува на 27. и на 28. мај, а ќе се игра во малата сала СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Одредени се и сатнините на одигрување на полуфиналните натпревари.
Првото полуфинале, кое ќе се игра на 27.мај (сабота), во кое ќе играат екипите на Работнички и Вардар е закажано за 17.30.часот. А од 20. часот, за место во финалето ќе разигруваат Водно Санс и Феникс баскет.
Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 55.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 28.мај (недела) од 20.часот. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 35.000 денари.
Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 17.30часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари, поразениот тим пак ќе добие 20.000 денари од вкупниот награден фонд од 140.000 денари, кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.
М18 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
27.МАЈ (САБОТА)
17.30: Работнички – Вардар
20.00: Водно Санс - Феникс баскет
28.МАЈ (НЕДЕЛА)
17.30: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
20.00: Финале (победник 1) – (победник 2)