18.05.2025

Во мечот за третата позиција на турнирот во СРЦ „Кале“ славеа победа против Ролинг Струмица (54:51)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ-ФИНАЛЕН ТУРНИР-М14 ЛИГА-МАЖИ: „Бронзата“ за Феникс 2010

Со подобра игра, особено во второто полувреме, кошаркарите на Феникс 2010 го совладаа составот на Ролинг Струмица, и го освоија третото место на завршниот турнир од М14 лигата во машка младинска конкуренција.

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

СТРУМИЦА РОЛИНГ – ФЕНИКС 2010        51:54

Израмнето се играше во првото полувреме од натпреварот за третото место на турнирот во СРЦ „Кале“.

Двете екипи се менуваа во водството во текот на првите 20.минути, но на полувреме, резултатот беше нерешен (25:25).

Феникс 2010 беше екипата која „повлече“ посилно во продолжението од играта. По шест минути игра во третиот период, тимот на тренерот Денис Дервишевиќ поведе со (35:31), а нешто подоцна се стекна и со највисоки (41:34).

А по 21.поен на нивниот најдобар играч, Филипче, ја затворија четвртината со поубедливи (43:34).

Не застанаа во тој обид да направат уште поголема предност. По три минути играње во четврттата четвртина, Феникс 2010 водеше и со 14.поени разлика, (50:36).

Имаа проблеми со реализацијата младите кошаркари на Ролинг во второто полувреме. Само 11. поени дадоа струмичани во 16.минути од играта. Намалија на (40:50), но ништо повеќе од тоа. Им остана многу малку време за да се вратат назад во натпреварот.

Филипче реализираше 21.поен, а двоен број на поени во Феникс 2010 имаше и Ничевски, кој постигна 11.

Кај Ролинг Струмица, Крстевски даде 15, а Стојковски упте 12. поени.

Денеска, од 16.часот, во големото финале на М14 лигата, ќе играат „вечните ривали“, екипите на МЗТ Скопје и Работнички.  

ФИНАЛЕН ТУРНИР М14-МАЖИ

ПОЛУФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ

МЗТ Скопје – Струмица Ролинг        69:48

Работнички – Феникс 2010     60:47

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

Струмица Ролинг – Феникс 2010     51:54

16.00: Финале – МЗТ Скопје – Работнички

*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“ - Скопје