17.05.2025

Во првиот полуфинален натпревар беа подобри од струмички Ролинг (69:48)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ-ФИНАЛЕН ТУРНИР-М14-ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје е во финалето!

Во првиот полуфинален натпревар од завршниот турнир од М14 лигата во машка конкуренција, екипата на МЗТ Скопје го совлада Ролинг Струмица, и обезбеди пласман во утрешното финале во оваа возрасна конкуренција.

МЗТ СКОПЈЕ – СТРУМИЦА РОЛИНГ            69:48

Младите кошаркари на МЗТ Скопје имаа предност во текот на првото полувреме, а првото поголемо водство беше на почетокот на втората четвртина, кога водеа со (25:17), за тие 20.минути ги затворат со нешто повисоки (30:21).

Во вториот дел од првото полуфинале, младите „металци“ се стекнаа и со двоцифрна разлика, во 27.минута имаа плус 11 (45:34).

Струмичани не се предаваа, во одредени моменти од играта, успеваа да ја симнат негативата под десет поени.

Сепак, по три одиграни чеѕвртини, МЗТ Скопје водеше со иста разлика (51:40).

Имаа „домаќините“ идентични (55:44) во 34.минута од играта, а потоа во само две минути, со серија од (8-2) изградија и највисока предност (63:46) со која си го трасираа патот кон финалето.

Со 23 реализации , Арсенов го предводеше победничкиот тим, во кој, Котевски додаде уште 17.

Во составот од Струмица, Стојковски уфрли 16, а Лазаров и Златевски имаа по 10.поени.

Во вториот полуфинален натпревар (од 16.часот), ќе се сретнат екипите на Феникс 2010 и Работнички.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М14-МАЖИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

17.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

МЗТ Скопје – Струмица Ролинг        69:48

16.00: Работнички – Феникс 2010

17.МАЈ (САБОТА)

13.30: За трето место: Струмица Ролинг -  Работнички/Феникс 2010

16.00: Финале: МЗТ Скопје -  Работнички/Феникс 2010