18.05.2025

Финалето во кое играа „вечните ривали“, во целост и припадна на екипата во „црвено-бела“ комбинација, Работнички-МЗТ Скопје (80:59)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ-ФИНАЛЕН ТУРНИР-М14 ЛИГА-МАЖИ: Работнички без конкуренција, убедливо до златните медали

Екипата  на Работнички е освојувач на златните медали во М14 лигата во машка конкуренција.

Дека се најдобри младите кошаркари од „Градски парк“ покажаа во големото финале од завршниот турнир од М14 лигата, во кој беа убедливо подобри од вечниот опонент, МЗТ Скопје Аеродром.

ФИНАЛЕ

МЗТ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ  59:80

Работнички поведе со (10:6) по четири минути од финалето. Но МЗТ Скопје не дозволи поголема предност за противникот. Со своја серија од шест поени, го префрли водството на своја страна (12:10).

Како најава за одлично финале во М14 лигата...

На истекот на првиот период, „минималец“ за „црвено-белите“ (16:!4).

Продолжија младите кошаркари на Работнички со одличната офанзивна игра во која предначеше Јетиши. Прво се одвоија на (27:20) во 16.минута, а две подоцна, имаа и двоцифрен „вишок“ (33:22), кој успеаја да го задржат до полувремето (41:31).  

Дел од играта во кој Јетиши веќе имаше 20.реализации.

И не застанаа тука, затоа што во третата четвртина се одвоија и на 20.поени предност. По четири минути, водеа со (53:33), и полека но сигурно го трасираа патот до победничкиот трофеј во оваа конкуренција од младинските лиги.

Така беше и по три одиграни четвртини (61:41). Во онаа последната, рутинерско одработување за „црвено-белите“ кои не му дозволија на противникот да ја спушти таа разлика на достижна.

Јетиши застана на бројката од 41.поен, Аврамовиќ имаше уште 11. реализации во шампионскиот тим. На другата страна, кај МЗТ Скопје, Арсенов постигна 24.поени, Котевски имаше уште 17, премалку за нешто повеќе од сребрените медали за екипата од Аеродром на овој финален турнир. 

ФИНАЛЕН ТУРНИР М14-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

МЗТ Скопје – Струмица Ролинг        69:48

Работнички – Феникс 2010     60:47

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

Струмица Ролинг – Феникс 2010     51:54

ФИНАЛЕ

МЗТ СКОПЈЕ– РАБОТНИЧКИ   59:80