12.05.2023

Во сабота и недела, во салата „Наум Наумовски-Борче“ во Скопје, ќе се водат битки за државен првак во најмалата возрасна категорија

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финален турнир во М12-мажи лигата

Оваа сабота, и официјално стартуваат возбудувањата од завршницата на младинските лиги во организација на Македонската кошаркарска федерација.

А за првиот победнички пехар во оваа натпреварувачка сезона ќе се борат младите кошаркари од четири екипи во М12 лигата-мажи: Борец Баскет- Велес, Куманово, Струмица, Феникс 2010 од Скопје.

„Домаќинството“ на финалниот турнир за оваа возрасна категорија го доби КК Феникс 2010 од Скопје. Ќе се одржи престојниот викенд, во салата „Наум Наумовски - Борче“ во скопската населба Маџари.

Првото полуфинале е закажано за 13. мај (сабота) со почеток од 17 часот и во него силите ќе си ги одмерат екипите на Струмица и Борец баскет, а два часа подоцна, следува и натпреварот во кој ќе се сретнат екипите на Куманово и Феникс 2010.

На 14. мај, (недела) на програмата се натпреварите за трето, односно за прво место. Ќе се играат во истите термини, односно од 17. и од 19. часот.

МЛАДИНСКИ ЛИГИ НА МАКЕДОНИЈА – М12 ЛИГА-МАЖИ

ФИНАЛЕН ТУРНИР - РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ 13.МАЈ (САБОТА)

17.00: Струмица – Борец баскет

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/g1Xtp7gmekg?feature=share

19.00: Феникс 2010 – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/lt9e70HE2Ds?feature=share

14. МАЈ (НЕДЕЛА)

17.00: ЗА ТРЕТО МЕСТО (поразен 1 – поразен 2)

19.00: ФИНАЛЕ (победник 1 – победник 2)

* сите натпревари се играат во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“- во Скопје