19.06.2021

За шампионскиот пехар, денеска и утре ќе се борат Партизан Водно Санс, МЗТ Скопје Аеродром, Вардар и Феникс 2010

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финален турнир во М14 лигата-мажи

По одигрувањето на двата полуфинални натпревари кои се денеска на програмата, ќе ги добиеме и двете екипи финалисти во М14 лигата во машка конкуренција.

За пехарот во пионерската лига, денеска и утре ќе се борат екипите на Партизан Водно Санс и на МЗТ Скопје кои ја сочинуваат и првата полуфинална двојка.

Мечот стартува од 13.часот во салата на СРЦ “Кале“ каде и ќе се играат сите натпревари од финалниот турнир во М14 лигата.

А два часа подоцна, на истото место, во второто полуфинале од оваа возрасна категорија ќе се сретнат екипите на Вардар и на Феникс 2010.   

ФИНАЛЕН ТУРНИР - М14 ЛИГА-МАЖИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ПОЛУФИНАЛЕ – 20.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

13.00: Партизан Водно Санс – МЗТ Скопје Аеродром (А)

15.00: Вардар – Феникс 2010 (Б)

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ – 21.ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.00: поразен А – поразен Б

ФИНАЛЕ

19.30: победник А – победник Б

*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“