28.05.2024

Македонската федерација ќе биде организатор на завршниот турнир кој е закажан на 1. и на 2.јуни во СРЦ „Кале“

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир во М14 лигата-жени ќе се игра во Скопје

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на завршниот турнир од младинската М14 лига во женска конкуренција.

А согласно со претходно утврдениот календар, полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат екипите на Спорт тим од Неготино, и Јасмин 95 од кавадарци, и Вардар – Струга 2005, ќе се играат на 1. јуни (сабота), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Наредниот ден, 2. јуни (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги, кој ќе добие и најголем дел од предвидената парична сума наменета за четирите најдобри екипи во М14 лигата-жени, која ја предвиде Македонската кошаркарска федерација. 

МЛАДИНСКИ ЛИГИ - ФИНАЛЕН ТУРНИР М14-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

1.ЈУНИ (САБОТА)

12.00: Спорт тим – Јасмин 95

14.30: Вардар – Струга 2005

2.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

12.00: ЗА ТРЕТО МЕСТО

14.30: ФИНАЛЕ

*Сите натпревари ќе се играат во салата нa СРЦ „Кале“ во Скопје