Градот кој го има новиот шампион во женска сениорска конкуренција, Македонска Каменица, односно клубот Баскет Кам 2011, ќе бидат домаќини на финалниот турнир од М18 лигата-жени кој ќе се игра на 20 и на 21. мај.
Во наддавањето на кое учествуваше уште еден клуб учесник во заврпницата на ова натпреваруавње од младинските лиги, Крива Паланка, Баскет Кам 2011 понуди најдобри финансиски услови и ќе биде организатор на турнирот на кој освен овие две екипи учество ќе земат и екипите на Тим Арена од штип, односно Бадел 1862 од Скопје.
Одредени се и сатнините на одигрување на полуфиналните натпревари.
Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Тим Арена и Крива Паланка е закажано за 15.часот. А од 17.30 часот, за место во финалето ќе разогруваат домаќинот Баскет Кам 2011 и Бадел 1862.
Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 21.мај (недела) од 14.30 часот.
Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 25.000 денари.
Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 12.часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 15.000 денари, поразениот тим пак ќе добие 10.000 денари од вкупниот награден фонд кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.
М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
20.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
15.00: Тим Арена – Крива Паланка (1)
17.30: Баскет Кaм 2011 – Бaдел 1862 (2)
21.МАЈ (НЕДЕЛА)
12.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
14.30: Финале (победник 1) – (победник 2)