12.06.2024

Овој викенд, екипите на Вардар, Тим Арена, Бадел 1862 и Крива Паланка, ќе се борат за победничкиот пехар во женската кадетска лига

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир во СРЦ „Кале“ ќе го одлучи шампионот во М16

Овој викенд ќе се игра и финалниот турнир, односно завршницата во М16 лигата, а ќе се игра на на 15.јуни (сабота) и 16.јуни (недела) во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Вардар и Тим Арена, е закажано за в сабота, од  14:00 часот, а нешто подоцна, од 16.30. часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите на Бадел 1862 и Крива Паланка

Победникот на финалниот турнир во Скопје ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 16. јуни (недела) од 16.30. часот. А нешто порано, од 14:000 часот, на распоредот е натпреварот за третото место.

М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР - СКОПЈЕ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

15.ЈУНИ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

14.00: Вардар - Тим Арена (1)
16.30: Бадел 1862 - Крива Паланка (2)

2.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

14.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
16.30: Финале (победник 1) – (победник 2)

*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје