27.05.2024

Екипата на Патриот 2016 ќе биде организатор на завршниот турнир во М18 лигата-жени, кој е на програмата на 1. и на 2.јуни.

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир за јуниорките ќе се игра во Делчево

Делчевски Патриот 2016 ќе биде организатор на завршниот турнир од младинската М18 лига во женска конкуренција.

Ова е епилогот од состанокот на кој беше закажано јавното наддавање за добивање на организацискиот дел од собирот на четирите најдобри екипи во кадетска конкуренција.

Согласно со претходно утврдениот календар, полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат екипите на Вардар и Пробаскет, односно Бадел 1862 и домаќинот на турнирот, Патриот 2016–Работнички, ќе се играат на 1.јуни (сабота), во спортската сала „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево.

Наредниот ден, 2.јуни (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги, кој ќе добие и најголем дел од предвидената парична сума наменета за четирите најдобри екипи во М18 лигата-жени, која ја предвиде Македонската кошаркарска федерација. 

МЛАДИНСКИ ЛИГИ - ФИНАЛЕН ТУРНИР М18-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

1.ЈУНИ (САБОТА)

Патриот 2016 – Бадел 1862

Вардар - Пробаскет

2.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

ФИНАЛЕ

*Сите натпревари ќе се играат во салата на „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево