22.05.2024

Завршницата на кадетскиот шампионат ќе се игра на 25. и на 26.мај во СРЦ „Кале“

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир за кадетите ќе се игра во Скопје

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на завршниот турнир од младинската М16 лига во машка конкуренција.

Ова е епилогот од состанокот на кој беше закажано јавното наддавање за добивање на организацискиот дел од собирот на четирите најдобри екипи во кадетска конкуренција.

Согласно со претходно утврдениот календар, полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат екипите на Вардар и МКК Куманово, односно Работнички - Водно Санс, ќе се играат на 25. мај (сабота), во спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

Наредниот ден, 26. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги, кој ќе добие и најголем дел од предвидената парична сума наменета за четирите најдобри екипи во М16 лигата, која ја предвиде Македонската кошаркарска федерација. 

МЛАДИНСКИ ЛИГИ - ФИНАЛЕН ТУРНИР М16-МАЖИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

25.МАЈ (САБОТА)

12.00: Вардар – МКК Куманово

14.30: Работнички - Водно санс

26.МАЈ (НЕДЕЛА)

12.00: ЗА ТРЕТО МЕСТО

14.30: ФИНАЛЕ

*Сите натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје