03.06.2024

8-9. јуни, 2024 година

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир за кошаркарките до 12 години ќе се игра во Битола

Клубот Петровски од Битола ќе биде организатор на завршниот турнир во најмладата возрасна категорија во женска конкуренција. Ова е епилогот од состанокот на кој беше закажано јавното наддавање за добивање на организацискиот дел од собирот на четирите најдобри екипи во конкуренција за 12 годишни кошаркарки.

Согласно со претходно утврдениот календар, полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат екипите на Бадел 1862 и Работнички, односно МВП Скопје и домаќинот на турнирот, Петровски - Битола, ќе се играат на 8.јуни (сабота), во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Наредниот ден, 9.јуни (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги, кој ќе добие и најголем дел од предвидената парична сума наменета за четирите најдобри екипи во М12 лигата-жени, која ја предвиде Македонската кошаркарска федерација. 

МЛАДИНСКИ ЛИГИ - ФИНАЛЕН ТУРНИР М12-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

8.ЈУНИ (САБОТА)

Бадел 1862 - Работнички
МВП Скопје - Петровски Битола

9.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО
ФИНАЛЕ

*Сите натпревари ќе се играат во салата на „Боро Чурлевски“ во Битола