22.09.2023

По одигрувањето на квалификациите, познат е „изгледот“ на натпреварувањето во првата и двете групи во втората лига

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Формирани се натпреварувачките групи во М18 лигата-мажи

Осумте најдобри екипи од осумте квалификациски групи во М18 лигата-маѓи, обезбедија пласман во најквалитетното натпреварување – Првата лига.

За титулата државен прва во М18 лигата во машка конкуренција, се изборија екипите на: Вардар, Водно Санс, Работнички 2018, Феникс 2010, Кожув, МЗТ Уни Банка, Водњански Лисици и Баскет Кам, како првопласирани во квалификациските натпревари.

Согласно со календарот за натпреварување за натпреварувачката сезона 2023/2024, првото коло во ова натпреварување ќе се игра на 30. септември.

Втората лига-Исток ќе ја сочинуваат екипите на: МКК Куманово, Вибас, Еуро Никел 2005, Феникс Спорт, Борец Баскет и Чаир 2030.

Своите први мечеви во новата натпреварувачка сезона во оваа конкуренција овие екипи ќе ги имаат на 14.октомври.

Во Втората лига-Запад пак ќе се натпреваруваат екипите на: Гостивар, Црн Дрим, ИБА Академија, Пелистер, ТФТ, Ангели и Гостивар-2.

Првото коло во ова натпреварување ќе се игра на 30.септември.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ М18 ЛИГА-МАЖИ (ПРВА ЛИГА)

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ М18 ЛИГА-МАЖИ (ВТОРА ЛИГА – ИСТОК)

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ М18 ЛИГА-МАЖИ (ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД)