11.06.2021

Во вториот полуфинален меч од М16 лигата, Феникс 2010 убедлив против МЗТ Скопје Аеродром (70:44)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: И кадетското финале ќе биде Феникс 2010 – Работнички!

Кошаркарите на Феникс 2010 во еден ден обезбедија и втор пласман во финалето на завршните турнири од младинските лиги.

Избраниците на тренерот Дамјан Саздов со доминантна игра убедливо го победија соодветниот кадетски состав на МЗТ Скопје Аеродром, и во утрешното финале, ги чека битка за златните медали против екипата на Работнички, која нешто порано излезе како победник во полуфиналната средба со Вардар.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010    44:70

Убедливи (37:21) имаа младите кошаркари на Феникс 2010 на истекот на 20.минути од второто полуфинале во М16 лигата против МЗТ Скопје Аеродром.

Тоа беше и одредница како ќе се одвиваат работите во второто полувреме. „жолтите“ продолжија со супериорна игра која едноставно ги натера противниците да се чувствуваат немоќни во оние обиди да се вратат назад во игра.

Во саботната програма, од 15.часот, поразените полуфиналисти Вардар и МЗТ Скопје Аеродром ќе играат во она „мало финале“.

Нешто подоцна, од 17.30 часот, на исто место, во салата на КК „Вардар“, за титулата државен првак во М16 конкуренција ќе играат Феникс 2010 и Работнички.  

М16-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД

ПОЛУФИНАЛЕ

Работнички – Вардар      97:85

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010          44:70

12.ЈУНИ (САБОТА):

ЗА ТРЕТО МЕСТО

15.00: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

ФИНАЛЕ

17.30: Работнички - Феникс 2010

*Натпреварите се играат во сала на КК „Вардар“ - Скопје