Четвртфиналето кое се играше според системот „подобар во три натпревари“, во М18 лигата-жени, протекна во комплетна доминација на екипите кои важеа за фаворити. Односно пласманот на финалниот турнир беше обезбеден по одигрување на само два натпревари во сите четири проектирани четвртфинални серии.
Впечатливо е дека место на завршниот турнир кој ќе се игра овој викенд, обезбедија сите четири екипи кои беа дел од Група-2 во регуларниот дел од натпреварите во М18 лигата-жени.
И тоа во само два одиграни натпревари, Крива Паланка го елиминираше Тетова Булс, Бадел 1862 беше подобар од Јан Бор, Баскет кам 2011 немаше проблеми во дуелите со ГКК Охрид, додека пак се чини дека најголемото изненадување го реализираа младите кошаркарки на Тим Арена кои го елиминираа Вардар, иако „вардарки“ беа поставени како носител во четвртфиналето и екипа која има предност од играње на домашен терен. Штипјанки ги добија и двата натпревари и заслужено ќе се борат за трофејот.
Победниците на овие четири серии обезбедија пласман на завршниот турнир во М18 лигата-жени кој е закажан за 20. и 21.мај.
Јавното наддавање за добивање на организација на завршниот турнир во категоријата М12 лига-мажи, ќе биде на 17. мај (среда), од 13. часот, во просториите на КФСМ.
М18-ЖЕНИ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ - РЕЗУЛТАТИ
Вардар – Тим Арена 50:61 (0-1)
Баскет Кам 2011 – ГКК Охрид 63:43 (1-0)
Јан Бор – Бадел 1862 64:74 (0-1)
Крива Паланка – Тетова Булс 82:49 (1-0)
ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
Тим Арена* – Вардар 55:34 (2-0)
ГКК Охрид – Баскет Кам 2011* 48:59 (0-2)
Бадел 1862* - Јан Бор 71:43 (2-0)
Тетова Булс - Крива Паланка* 53:78 (0-2)
*- обезбедиле место на финален турнир
ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ
Тим Арена – Крива Паланка
Баскет Кам 2011 - Бадел 1862