Натпреварот за треотто место не донесе некоја голема драматика. Од првата до последната минута кошаркарите на Водно Санс имаа доминација, постојано водство, кое на крајот го преточија во бронзени одличја на заврпниѕо турнир во М18 лигата-мажи
ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО 2009 78:67
Многу подобро го отворија натпреварот за третото место младите кошаркари на Водно Санс. Во десет минути направија двојно поголема позитива - (26:13).
Но на почетокот на втората, кумановци успеаја да „симнат“ добар дел од двоцифрената негатива. Се „спуштија“ избраниците на тренерот Мартин Атанасовски на (22:28) во „рок“ од само две минути. Но не продолжија во тоа темпо. За краток „рок“„ црно-белите“ постигнаа десет поени по ред. За ново „бегство“, сега на највисоки (38:22) како што беше на средината од втората четвртина.
А во оние други пет минути од првото полувреме, младите кошаркари на Водно Санс таа предност ја зголемија, и големиот одмор го дочекаа со позитива од 19.поени (49:30).
Нешто слично се одвиваа работите и по оние 15.минуто предвидени за пауза. Во неколку наврати кумановци успеаја негативата да ја сведат на едноцифрена. А најблиску дојдоа во последната минута од третиот период, кога се доближија на само „два поседи“.
Во четвртината на одлука, Водно Санс влезе само со пет поени позитива (60:55).
Но „гостите“ не можеа да побегнат од оние „падни-стани“ ситуации. Во два напади, Водно Санс одново имаше двоцифрен плус (65:55). Но кумановци не се откажаа од намерите да бидат победници цо „малото финале“. Уште еднаш дојдоа до достижни (65:72), но им останаа само три минути за посакуван пресврт. Две грешки беа доволни за противникот да ги казни уште еднаш, за (76:65) и да го освои третото место на турнорот во СРЦ „Кале“.
ЗАВРШЕН ТУРНИР - М18 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ
Работнички 2018 – Водно Санс 103:74
МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009 59:36
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Водно Санс - Куманово 2009 78:67
ФИНАЛЕ
19.30: Работнички 2018 – МЗТ Скопје Аеродром