12.06.2021

Во финалниот меч од М18 лигата, Феникс 2010 го совлада Работнички-2 со (85:71) и го освои најважниот трофеј во младинските лиги

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Јуниорската титула е за Феникс 2010!

Своевиден реванш направија кошаркарите на Феникс 2010. откако еден час порано, загубија во финалето на М16 лигата, нивните постари колеги го „вратија долгот“ во М18 лигата.

ФЕНИКС 2010 – РАБОТНИЧКИ-2 85:71

По релативно израмнетата прва четвртина, која ја решија во своја корист со (19:16), кошаркарите на Феникс 2010 притиснаа уште повеќе. Предводени од двоецот Хот-Богатиновски доминираа во вториот период од финалето.

Разликата од првата, ја претворија во многу поголеми (46:30) во втората четвртина. „Жолтите“ стигнаа до плус 16 со кој двете екипи заминаа на одмор.

Работнички се закани со мини-серија од пет поени за (35:46). Но екипата на тренерот Денис Дервишевиќ веднаш најде одговор. Брзо ја врати убедливата предност (57:40) во 26.минута од играта. Тренерот Андреј Лечиќ реагираше со тајм-аут.

Но без особен успех затоа што противникот „побегна“ и на (61:42).

Третиот дел од финалниот меч во СРЦ „Кале“ финишираше со (63:45).

Но тука не беше крајот на финалето, затоа што во последниот дел за пет и пол минути Работнички направи скор (20-12), доволне за само десет поени негатива (75:65). Веќе во следната минута, стана едноцифрена (68:77) по тројката на Стојанов. Србиновски намали на уште пониски (71:78). Но со пет поени во серија, Амар Хот ги урна сите надежи на младите кошаркари од „Градски парк“.

Јуниорската титула е за Феникс 2010, а за својата одлична игра, Амар Хот беше прогласен за најкорисен играч на финалето.

Претходно, во натпреварот за третото место, јуниорите на МЗТ Скопје Уни Банка излегоа како победници против екипата на Куманово 2009. „Аеродромци“ славеа со убедливи (72:55) доволно да ги добијат бронзените медали на овој завршне турнир од М18 лигата.

ФИНАЛЕ

ФЕНИКС 2010 – РАБОТНИЧКИ-2         85:71

(19-16; 27-14; 17-15; 22-26)

ФЕНИКС 2010: Ташев, Николовски 3, Чурлинов 3, Костиќ 5, Здравковиќ 15, Богатиновски 18, Хот 19, Крстевски 15, Соломанов, Јакимовски 7, Ингилизовски, Јовановски:

РАБОТНИЧКИ-2: Стојанов 19, Јакимовски, Трифуновски, Коцев, Кнежевиќ, Бошалески 9, Србиновски 15, Балоски 4, Апостоловски 2, Шолаковски, Оровчанец 12, Шошкиќ 10:

М18-МАЖИ - ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Куманово 2009 – Феникс 2010            52:69

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 2         58:81

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Куманово 2009 - МЗТ Скопје Уни Банка       55:72

ФИНАЛЕ

Феникс 2010 - Работнички 2     85:71