Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на завршниот турнир од младинската М18 лига во машка конкуренција.
Во договор со четирите екипи-финалисти, утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе бидат реализирани во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат Вардар и Работнички, односно Водно Санс-Феникс 2010, ќе се играат на 7. јуни (сабота).
Наредниот ден, 8.јуни (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ
7.ЈУНИ (САБОТА)
13.00: Вардар – Работнички 2018
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/_pUqg_JO2mE?si=DwX8Tnf9ow2jMuWX
15.30: Водно Санс – Феникс 2010
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/thzhD7f-Y_s?si=6KjkAFbrTRg4FYog
8.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
13.00: ЗА ТРЕТО МЕСТО
15.30: ФИНАЛЕ
*Натпреварите ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ - Скопје