Победник на финалниот турнир во М16 лигата во женска конкуренција е екипата од Крива Паланка која го „доби“ Бадел 1862 (72:67)
КРИВА ПАЛАНКА – БАДЕЛ 1862 72:67 (22-13; 25-15; 14-20; 11-19)
Одлично започнаа младите кошаркарки на Крива Паланка. За нецели пет минути имаа водство од (13:2), а нешто потоа и (19:6). Првата четвртина „гостинките“ од Крива Паланка ја заокружија со слично водство од (22:13).
Не попуштаа девојките од Крива Паланка во темпото. На почетокот на втората четвртина, поточно во 14.минута, имаа двојно поголема предност од (34:17). Две минути беа уште поблиску до трофејот (40:19), a полувремето го затворија со (47:28).
Почетокот на второто полувреме означи и враќање на „баделки“ во мечот. Со серија од (8-1) се приближија на (36:48). Но противникот преку расположената Алексовска одговори со „рибрејк“, за враќање на убедливото водство (55:36) во средината на третиот период. Бадел 1862 уште еднаш даде осум поени во серија, за да намали на (44:55).
На крајот на возбудливите 10.минути, високи (61:48) за Крива Паланка. Но и голем хендикеп за екипата која поради пет лични грешки остана без својата најдобра кошаркарка, Алексовска, стрелец на 29.поени во трите одиграни четвртини.
Бадел 1862 успеа во настојувањата да ја сведе негативата на едноцифрена (58:67), беше во 35.минута од финалниот меч. Серијата на девојките во жолта комбинација траеше, се до (63:67), на 2:30 минути пред крајот.
Се претворија во драматични, Бадел 1862 преку својот најдобар играч, Марија Николов (дсде 34.поени), дојде и на (67:69), како што беше на 53. секунди пред крајот. Но Крива Паланка го издржа тој налет. Дадоа уште три поени во финалните секунди, за недостижни (72:67) и големо славење.
Кошаркарката на Крива паланка, Божица Стоевска го понесе признанието за најдобра во финалната средба која на неа и на нејзините соиграчи и го донесе победничкиот трофеј во женска кадетска конкуренција.
Два часа порано во натпреварот за третото место се сретнаа екипите на Вардар и на Трокал. А до бронзените одличја на завршниот турнир стигнаа младите „вардарки“ кои прославија победа со резултат (66:56).
ФИНАЛЕ
КРИВА ПАЛАНКА – БАДЕЛ 1862 72:67
КРИВА ПАЛАНКА: Додевска 4, Алексовска 29, Спименова 4, Цветковска 0, Петревска 14, Стоевска 19, Китановска-, Зиновиева-, Давитковска 0, Стојановска-, Т.Стојковска 2, И.Стојковска -;
БАДЕЛ 1862: Стојковска 2, Алексова-, Ѓорѓиевска 0, Алексовска, Ѓуковиќ 5, Димковска 10, Несторовска-, Николов 34, Костиќ-, Даниловска 16, Алулоска 0, Василевска;
ФИНАЛЕН ТУРНИР М16-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Крива Паланка – Вардар 71:55
Бадел 1862 – Трокал 81:66
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Вардар – Трокал 66:56
ФИНАЛЕ
Крива Паланка – Бадел 1862 72:67