Следи финалниот дуел помеѓу Крива Паланка и Бадел 1862
Кошаркарките на Вардар се закитија со бронзениот медал во кадетската конкуренција откако во напреварот за трето место славеа на врсничките од Трокал со 66-56 односно11-9, 12-14, 27-15 и 16-18 по делници.
Рамноправната битка на теренот се претвори во доминација на „вардарки“ на почетокот на вториот дел од натпреварот, кога избраничките на Јасмина Герасимовска Николиќ направија доволно предност за да играта во последниот период ја сведат на рутина.
Вардар - Трокал 66:56
Вардар: Николиќ 22, Милованова 27, Џангаровска 6, Начевска 6, Мариновска 1, Стојкоска -, Јованова -, Трајковска- , Згонц -, Апостоловска -, Стојановска -;
Трокал: Бошкова 13, Тодорова 17, Атанасова 7, Мишева 11, Стојкова 7, Динева, Степановска, Колева, Глигорова, Николова
Повеќе фотографии се достапни на Facebook страницата на КФСМ.