24.05.2024

Овој викенд, четирите најдобри екипи, Вардар, МКК Куманово, Водно санс и Работнички ќе се борат за шампионскиот пехар во М16 лигата

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Кадетската титула ќе се решава на „Ф4“ во СРЦ „Кале“

Овој викенд, на ред е и последниот финален турнир во младинските лиги, во машкиот сегмент, оној за кошаркари „Под 16“ години, односно во кадетска конкуренција.

Македонската кошаркарска федерација, како организатор, одлучи завршниот тунир на кој ќе се појават четирите најдобри екипи во досегашниот дел на сезоната во М16 лигата, да се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Првото полуфинале во кое, на 25.мај (сабота) ќе играат екипите на Вардар и на МКК Куманово е закажано сабота, од  12 часот. А нешто подоцна, од 14.30. часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите на Водно Санс и Работнички.

Победникот на финалниот турнир во Скопје ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 26.мај (недела) од 14.30. часот.

Нешто порано, од 12.часот, на распоредот е натпреварот за третото место.

М16 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

25.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

12.00: Вардар – МКК Куманово (1)

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/V19JspSxSF8?si=pXl2UzXlbt0-_mlJ

14.30: Работнички - Водно Санс – (2)

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/vhnxQSZ31LU?si=jY9uBC7BcL1oUom0

12.МАЈ (НЕДЕЛА)

12.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)

14.30: Финале (победник 1) – (победник 2)

*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје