Нема тројна круна во младинските лиги за Вардар...
Кадетската селекција на Водно санс се погрижи да нема комплетна доминација на „црвено-црните“ во младинскиот сегмент од македонската кошарка.
Селекцијата на Водно Санс, онаа „Под 16“ години, одигра фантастично финале против својот голем ривал, и на крајот, и повеќе од заслужено, стигна до златните медали, наменети за најдобрата екипа во М16 лигата на Македонија.
ВАРДАР – ВОДНО САНС 97:114
Неверојатно ефикасно прво полувреме одиграа двата финалисти во М16 лигата. Ако во оној воведен дел Вардар беше подобрата екипа, која и имаше почетно водство (17:9), во продолжението на финалето, Водно Санс покажа зошто е финалист. До крајот на првиот период од играта стигнаа и до водство (29:28).
Но понесени од своите многубројни навивачи во СРЦ „Кале“ ја преземаа доминацијата во играта во втората четвртина. Онаа во која одиграа уште поефикасно во нападот. Реализираа дури 31. поен, што беше, и тоа како видливо и низ резултатот.
На полувремето Водно Санс замина со двоцифрена позитива (59:48).
Големо „влијание“ за тоа имаше ефектот на Сребров, кој во тие 20.минути реализираше 22.поени, следен од Миленкови, кој реализира 13.поени, и Димоски кој броеше до десет.
На другата страна од теренот, Ѓорѓевиќ комплетираше 14.поени, Данев имаше уште 11.поени (и осум скока).
Со мини-серија од шест поени, „вардарци“ фатија резултатски приклучок на почетокот на второто полувреме, намалија на (54.59). Но Водно Санс возврати многу брзо.
Со двете тројки, прво на Димоски, потоа и на Сребров, ја врати двоцифрената предност (70:60), и тајм аут за тренерот на Вардар, Александар Јованчев.
Без голем ефект, напротив, затоа што кошаркарите на Водно санс продолжија со уште поголема мотивација, и во тој за нив најдобро одигран дел од финалето, стигнаа до големи (93:77) по три одиграни четвртини.
Во онаа послледната не се сменија работите, барем не онака како што посакуваа младите кошаркари и стручниот тим на Вардар. Противникот знаеше не само како да ја сочува, туку и да ја зголеми таа висока предност, и на крајот да дојде до првото место во кадетска конкуренција.
М16 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – МКК Куманово 97:42
Работнички - Водно Санс 67:93
ЗА ТРЕТО МЕСТО
МКК Куманово – Работнички 54:53
ФИНАЛЕ
Вардар – Водно Санс 97:114