03.06.2025

Пионерскиот „фајнал-фор“ во женска конкуренција ќе се игра, претстојниот викенд, на 7. и на 8. јуни во салата „Боро Чурлевски“ во Битола

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: КК „Петровски“ ќе го организира финалниот турнир во М14 лигата-жени

Кошаркарскиот клуб „Петровски“ од Битола ќе биде организатор на завршниот турнир од младинската М14 лигата во женска конкуренција.

Во договор со четирите екипи-финалисти, утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе бидат реализирани во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат: Петровски и Патриот 2016, односно Тим Арена од Штип и Вардар од Скопје, ќе се играат на 7. јуни (сабота).

Наредниот ден, 8. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.

Организаторот на финалниот турнир во М14 лигата-жени, дополнително ќе ги информира учесниците за сатнините во кои ќе се играат натпреварите.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ

ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ

7.ЈУНИ (САБОТА)

Петровски – Патриот 2016

Тим Арена - Вардар

8.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

ФИНАЛЕ