Македонската кошаркарска федерација, во рамките на подготовките за организацијата "Adstra" М12 лигата - машка и женска конкуренција, имаше за цел да ја утврди јасната насока и карактерот на натпреварувањето во обете конкуренции од натпреварувањето.
Со оглед на чувствителноста на возрасната категорија М12 и различните практики што се применуваат во регионот и пошироко во Европа, пред почетокот на натпреварувањето побара да добие официјален став од сите клубови кои имаат пријавено екипи во оваа лига:
1. Дали сметате дека М12 лигата треба да има натпреварувачки карактер со водење бодови, табели и рангирање, по моделот и искуството применето во дел од земјите во регионот и Европа?
или
2. Дали сметате дека лигата треба да се организира исклучиво како развојна и дружељубива форма – со одигрување на натпревари без водење на бодови, табели и рангирање, согласно практиките што се применуваат во други земји во регионот и пошироко?
Согласно со одговорите, кои беа земени во предвид при носењето на конечната одлука од страна на Управниот одбор на МКФ, и со цел да се обезбеди најдобар модел кој ќе одговара на развојните потреби на децата и интересите на клубовите, по серија на состаноци, консултации (и поединечно изјаснување-гласање) со клубовите кои имаат пријавено екипи во М12 конкуренцијата (машка и женска), донесен е заклучок, поврзан со понатамошното функционирање на лигите во оваа возрасна категорија.
Односно дека „Адастра“ М12 лигата треба да се организира исклучиво како развојна и дружељубива форма – со одигрување на натпревари без водење на бодови, табели и рангирање, согласно практиките што се применуваат во други земји во регионот и пошироко.
Се граничат со тоа дека резултатите во оваа возрасна категорија на натпреварување се во втор план. Дека играњето на сите деца кои се вклучени во системот за натпреварување во М12 лигите е приоритет, заедно со дружењето, учењето и развивањето на спортскиот дух. и дека почитта кон противникот, судиите и сите инволвирани во организацијата е темелот врз кој се гради овие лиги.
Со ова се потврдува најважната порака: кошарката во најмладите генерации не е само натпревар, туку вистинска школа за живот, дека потребно е да играат сите, да се радуваат сите, да учат сите, да се дружат сите. Дека победата не се мери во резултат, дека нема резултатски императиви за кошаркар(к)ите, туку натпреварите треба да се (ис) користат за креирање на насмевки и нови пријателства.
*По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 28. екипи и истите ќе бидат поделени согласно ранкингот од сезона 2024/2025. Во М12 лигата-мажи има вкупно 28. пријавени екипи кои се поделени во четири натпреварувачки групи, во која секоја од екипите, по двокружен сиистем, ќе одигра по 14. натпревари, додека во женската М12 лига има 13 пријавени екипи.
НАПОМЕНА:
Измени во Пропозиции за натпреварување
Во однос на Пропозициите за натпреварување, има дополнување во членот 1.3.2 кој важи за новата сезона.
1.3.2 Во генерациите (лигите) М-14 и М-12 во машка и женска конкуренција, во напад се забранува „пик блокада“ односно блокада на топка, како и блокада без топка.
Во одбрана се забранува играње секаков вид на зонска одбрана (зонски пресинг – зона, чување на простор без играч и секаков вид на удвојување на играч).
Во случај на играње на зонска одбрана, судијата е должен да го казни со техничка грешка тренерот на екипата и во записникот се евидентира како техничка грешка - лично на тренерот.
Дополнително во М12 генерацијата, и во машка и во женска конкуренција:
▪︎ Се игра 4×8 минути, со дополнително продолжение од четири (4) минути доколку натпреварот заврши нерешено, со полувреме во траење од десет (10) минути.
▪︎ Натпреварите се играат на нормален терен, со топка големина седум (7) за момчињата и шест (6) за девојчињата.
▪︎ Се применува активно правило од 24 секунди и правилото за осум (8) секунди.
▪︎ Минимален број на играчи - задолжително е активирање на минимум 10 играчи по натпревар.
▪︎ Првите две четвртини се играат со целосен состав – првата петорка игра цела прва четвртина (една замена), втората петорка цела втора четвртина (една замена).
▪︎ Во третата и четвртата четвртина, дозволени се слободни измени, но под услов во игра да влезат и 11. и 12. играч (ако не настапиле дотогаш).