Овој викенд на ред е и првиот финален турнир во младинските лиги, а согласно со распоредот, ќе се игра завршницата во М12 лигата во машка конкуренција.
Борец баскет од Велес ја доби организацијата на турнирот, кој во сабота и во недела ќе се игра во спортската сала „Гемиџии“ во Велес.
Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Борец баскети Водно санс е закажано сабота, од 16 часот. А нешто подоцна, од 18. часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите на Феникс 2010 и МЗТ Скопје Аеродром.
Победникот на финалниот турнир во Велес ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 12.мај (недела) од 18. часот.
Нешто порано, од 16.часот, на распоредот е натпреварот за третото место.
М12 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
11.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
16.О0: Водно Санс – Борец баскет (1)
18.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром (2)
12.МАЈ (НЕДЕЛА)
16.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
18.00: Финале (победник 1) – (победник 2)
*Сите натпревари се играат во салата „Гемиџии“ во Велес