31.05.2024

Овој викенд, екипите на Спорт тим, Јасмин 95, Вардар и Струга 2009, ќе се борат за победничкиот пехар во женската пионерска лига

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Кој ќе биде шампион во М14 лигата, ќе одлучи финалниот турнир во СРЦ „Кале“

Овој викенд ќе се игра и финалниот турнир, односно завршницата во М14, а ќе се игра на на 1.јуни (сабота) и 2.јуни (недела) во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Спорт тим од Нетотино и Јасмин 95 од Кавадарци, е закажано сабота, од  12. часот. А нешто подоцна, од 14.30. часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите на Вардар и на Струга 2009.

Победникот на финалниот турнир во Скопје ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 2. јуни (недела) од 14.30. часот. А нешто порано, од 12.часот, на распоредот е натпреварот за третото место.

М14 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР - СКОПЈЕ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

1.ЈУНИ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

12.00: Спорт тим - Јасмин 95 (1)

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/umrU9eo9bfA?si=dRKQwVx8sqRfCcJN

14.30: Вардар - Струга 2009 (2)

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ndAwpV6WHKg?si=Kms31YHtXQx2siRn

2.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

12.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)

14.30: Финале (победник 1) – (победник 2)

*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје