11.06.2021

Овој викенд ќе се одиграат нови елиминациски мечеви во женскиот младински сегмент

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Кој ќе резервира место на финалните турнири?

Паралелно со одигрувањето на завршниот дел од сезоната во машка, се реализираат и мечевите во женска конкуренција.

Промената во системот за натпреварување донесе нешто позабрзан ритам на одигрување на планираните натпревари.

Овој викенд, кога станува збор за оној женски сегмент на Младинските лиги, ќе бидат реализирани мечевите од третото, и последно елиминациско коло во М16 лигата.

За последното место на финалниот турнир, ќе се борат екипите на Струга 2009, Вардар и Тим Арена од Штип. Таму се веќе екипите на Бадел 1862, Крива Паланка и Трокал од Кавадарци.

Ден подоцна, на 13. јуни, пак ќе биде јасен и победникот на баражот во М18 конкуренцијата. За место во првата „четворка“ која ќе се бори за шампионскиот трофеј ќе разигруваат екипите на Гостивар, Трокал и Струга 2009.

Место во завршницата во оваа конкуренција претходно обезбедија екипите на Бадел 1862, Крива Паланка и Шкупи, екипата која за противник во полуфиналето го чека победникот на бараж-натпреварите.  

Инаку, финалниот турнир во М16 лигата-жени е предвиден да се игра на 15. и 16. јуни во Скопје, а неколку дена подоцна, на 19 и 20. Јуни, исто така во главниот град, во истата конкуренција, е предвидена завршницата на М18 лигата.

НАПОМЕНА: Натпреварите се играат без присуство на публика

М16-ЖЕНИ

ТРЕТО ЕЛИМИНАЦИСКО КОЛО-БАРАЖ НАТПРЕВАРИ

12.ЈУНИ

12.00: Струга 2009 – Вардар

15.00: Вардар – Тим Арена

18.00: Тим Арена – Струга 2009

*Натпреварите се играат во салата „Независна Македонија“ - Скопје

15.ЈУНИ

ПОЛУФИНАЛЕ

15.00: Крива Паланка – победник-бараж

17.30: Трокал – Бадел 1862

16.ЈУНИ

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ

15.00: поразен К.Паланка/бараж – поразен Трокал/Бадел 1862

17.30: победник К.Паланка/бараж – победник Трокал/Бадел 1862

*Натпреварите се играат во голема сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

М18-ЖЕНИ

ТРЕТО ЕЛИМИНАЦИСКО КОЛО - БАРАЖ НАТПРЕВАРИ

13.ЈУНИ

12.00: Гостивар – Трокал

15.00: Струга 2009 – Гостивар

18.00: Трокал – Струга 2009

*Натпреварите се играат во салата „Независна Македонија“ - Скопје

19.ЈУНИ

ПОЛУФИНАЛЕ

15.00: Шкупи – победник-бараж

17.30: Крива Паланка – Бадел 1862

20.ЈУНИ

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ

15.00: поразен Шкупи/бараж – поразен К.Паланка/Бадел 1862

17.30: победник Шкупи/бараж – победник К.Паланка/Бадел 1862

*Натпреварите се играат во голема сала на СРЦ „Кале“ - Скопје