05.04.2024

Овој викенд почнуваат осминафиналните серии во јуниорската лига

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Кој ќе стигне до финалната „четворка“ во М18 лигата-мажи?

По одигрувањето на последното коло во Првата и двете Втори лиги, познати се и натпреварувачките броеви на 16. екипи за онаа наредна, плеј-оф фаза во М18 лигата во машка конкуренција.

Каков е системот за натпреварување во завршниот дел од М18 лигата?

Во осминафиналето во кое се пласираа вкупно 16. екипи, ќе се играат два (2) натпревари во кои подобрата екипа во кош-количникот од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфиналната фаза.

Согласно со пласманот во регуларниот дел од сезоната, првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел, односно на 6.април, додека реваншот следува за седум дена, на 13. април.

Победниците на осумте осминафинални серии ќе се пласираат во наредната фаза – четвртфиналето.

Предвидени термини за одигрување на четвртфиналните серии се:

20.април и 25. април, додека евентуалниот, трет натпревар, ќе се игра на 28.април, на теренот на подобропласираната екипа во регуларниот дел од сезоната.

Победниците на четирите серии во четвртфиналето, ќе играат на завршниот турнир кој ќе се игра на 11. и на 12. мај.

М18 ЛИГА-МАЖИ

ПРВА ЛИГА

ТАБЕЛА: Вардар 42, Водно Санс 38, Феникс 2010 38, Кожув 32, Работнички 18 20, Водњански лисици 27, МЗТ Уни Банка 27, Баскет кам 20;

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 29, МКК Куманово 28, Феникс спорт 22, Борец баскет 20, Вибас баскет 18, Чаир 2030 17;

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

ТАБЕЛА: Пелистер 28, Гостивар 2 27, Црн Дрим 23, ТФТ 22, Ангели 20, ИБа баскет 15, Гостивар 12;

М18-МАЖИ ВТОРА ЛИГА

ФИНАЛНА ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 29, Пелистер 28, МКК Куманово 28, Гостивар 2 27, Црн Дрим 23, Феникс спорт 22, ТФТ 22, Борец баскет 20;

 

ДВОЈКИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

ПРВИ НАТПРЕВАРИ - 6.АПРИЛ

Борец баскет – Вардар

ТФТ – Водно санс

Феникс спорт – Феникс 2010

Црн Дрим – Кожув

Гостивар 2 – Работнички 2018

МКК Куманово – Водњански лисици

Пелистер – МЗТ Уни Банка

Еуро Никел 2005 – Баскет кам

ВТОРИ НАТПРЕВАРИ - 13.АПРИЛ

Вардар – Борец баскет

Водно Санс – ТФТ

Феникс 2010 – Феникс спорт

Кожув - Црн Дрим

Работнички 2018 – Гостивар 2

Водњански лисици – МКК Куманово

МЗТ Уни Банка - Пелистер

Баскет кам - Еуро Никел 2005