15.06.2021

Вториот натпревар е закажан за 17:30 часот

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Крива Паланка е првиот финалист во женската кадетска конкуренција

Кошаркарките на Крива Паланка се изборија за пласман во финалето на завршниот турнир во возрасната категорија за кошаркарки до 16 години откако во рамки на првото полуфинале беа подобри во играта од кошаркарките на Вардар.

Избраничките на Ведран Белешковски беа доминантни на теренот уште на почетокот на натпреварот. Во вториот период си дозволија опуштање во играта што му дозволи на противникот да се доближи на минус еден (33-32) на паузата. По враќањето на теренот младите кошаркарки од Крива Паланка ја продолжија доминацијата за конечен резултат од 71-55 односно 23-13, 10-19, 22-7 и 16-23 по делници.

Во финалето ќе го чекаат подобриот од Трокал односно Бадел 1862 кои ќе се пресметаат во вториот термин - 17:30 часот.

Видео снимка од натпреварот е достапна на следниот ЛИНК.

Повеќе фотографии се достапни на Facebook страницата на КФСМ.