16.06.2024

Во „малото финале“ направија пресврт во третата четвртина и ја совладаа екипата на Тим арена (48:43)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Крива Паланка го освои третото место во М16 лигата

Екипата од Крива Паланка направи вистински играчки и резултатски превсрт во третиот период од играта, се стекна со двоцифрена предност која успеа да ја одбрани во последната четвртина и да ги освои бронзените медали.

ТИМ АРЕНА – КРИВА ПАЛАНКА          43:48

Доста изедначен тек имаше натпреварот за третото место, особено тоа се однесува на играта во првото полувреме.

Почетната „иницијатива“ ја имаа младите кошаркарки од Штип. По првите десет минути, Тим Арена се стекна со предност (15:11). Но во оној наредниот, екипата од Крива Паланка почна да го стигнува, и до истекот на првото полуѕвреме заситануваше само едне поен (27:28).

Пресвртот во играта се случи по големиот одмор. По паузата, младите кошаркарки од Крива Паланка заиграа многу подобро, особено во одбраната. Му дозволија на својот ривал да реализира само четити поени во третиот период од играта. На другата страна реализираа 15, за високо, двоцифрено водство (42:32).

Во четвртината на одлука избраничките на тренерот Виктор Петровски успеаа да го оддржат. таа предност Сепак на 2:20 минути пред крајот, Тим Арена успеа да го преполови, да стигнат до -5, (41:46).

И завршницата да ја направат доста понеизвесна...

Во последните две минути влегоа со уште помала негатива, (43:46). Имаа шанса и комплетно да се „вратат“, но останаа без онаа потребна енергија за тоа.

Груевска го предводеше победничкиот тим, со дабл-дабл ефект од 20.поени и 11. скока, а и недостасуваше само уште една освоена топка за да има и троен ефект.

На другата страна парираше Колева, која исто така постигна 20.поени, плус шест скока и четити асистенции.  

 Од 16.30 часпт, во големото финале и битка за шампионскиот трофеј во М16 лигата ќе играат локалните скопски ривали – Вардар и Бадел 1862.

М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР – СКОПЈЕ

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар - Тим Арена 91:37

Бадел 1862 - Крива Паланка 61:30

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Тим Арена – Крива Паланка     43:48

16.30: Финале Вардар – Бадел 1862

*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје