Екипите на Работнички, Вардар, ИБА Академија и на Куманово се финалистите, односно учесници на завршниот турнир од младинските лига во М14 конкуренцијата од машкиот сегмент, и во викендот кој следува ќе се борат за шампионскиот трофеј.
Пионерите на Работнички делуваа и повеќе од убедливо во серијата против Црн Дрим. Победија на свој терен со (125:44), но и на гостински, во Струга со (85:52) за „брз пласман“ во полуфиналето, каде за противник ги чека екипата на Вардар.
Младите „вардарци“ пак исто така беа убедливи во двата натпревари со вториот тим на МЗТ Скопје. На домашен терен славеа со двојно поголеми (107:53), слично беше и на реванш-натпреварот (100:56).
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат ИБА академија и Куманово.
Екипата на ИБА Академија беше подобра од гевгелиски Кожув, прво со (85:58), а потоа и на гостински терен во Гевгелија (71:45), за максимални (2-0) во оваа серија.
Онаа во која се сретнаа екипите на Куманово и Дино баскет Деликатес, заврши со службена победа на кумановци, поради неправилен настап на службено лице во екипата од Кочани на првиот од двата досега одиграни мечеви во серијата (двете екипи запишаа по една победа).
Победниците на овие четири серии обезбедија пласман на завршниот турнир во М14 лигата-мажи кој е закажан за 21. и 22.мај.
Јавното наддавање за добивање на организација на завршниот турнир во категоријата М14 лига-мажи, ќе биде на 17. мај (среда), од 12. часот, во просториите на КФСМ.
М14-МАЖИ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
ПРВ НАТПРЕВАР
Работнички – Црн Дрим 125:44 (1-0)
ИБА Академија – Кожув 86:58 (1-0)
Дино Баскет Деликатес – Куманово 90:60 (1-0)
МЗТ Скопје 2 – Вардар 56:100 (0-1)
ВТОР НАТПРЕВАР
Црн Дрим – Работнички* 52:85 (0-2)
Кожув – ИБА Академија* 45:71 (0-2)
Куманово - Дино Баскет Деликатес 56:46 (1-1)
Вардар* - МЗТ Скопје 2 107:53 (2-0)
*- обезбедиле место на финален турнир
ДВОЈКИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Работнички – Вардар
ИБА Академија - Куманово