Кошаркарите на Феникс 2010 се освојувачи на М12 лигата во машка конкуренција.
На турнирот во Скопје, во полуфиналето, беа подобри од своите врсници од Куманово (47:32), а во финалето излегоа како победници и против екипата на Струмица, ја совладаа со убедливи (35:22) и сосема заслужено ги добија златните одличја на овој прв завршен турнир за натпреварувачката сезона 2022/2023.
Во големото финале Феникс 2010 поведе со (9-4), но струмичани немаа намера да се предаваат. Барем не до полувремето во кое домашната, го одржа водството (14:10).
Се беше решено во третата четвртина која Феникс 2010 ја доби со (13-6), и дојде до недостижни (27:16).
Претходно, во натпреварот за третото место, екипите на Борец Баскет и на Куманово се бореа до последниот момент за бронзените медали. На крајот, за два поени подобри беа велешани (25:23), кои во своите редови го имаа Димитар Љутков, кој реализираше најголем број од поените за својата екипа - 14
Васил Лескаровски, од екипата на Феникс 2010 го доби признанието за најкорисен играч на турнирот.
ФИНАЛЕ
ФЕНИКС 2010 – СТРУМИЦА 35:22
(9-4; 5-6; 13-6; 8-7)
ФЕНИКС 2010: Лескаровски 5, Трипуновски 2, Филипче 9, Јовановски, Ничевски 8, Ѓорѓиевски 2, Василов 4, Гоцевски, Милосављев, Попов 2, Поповски, Јарчевски, Миковски 3,
СТРУМИЦА: Гоцевски , Крстевски 2, Стојковски 2, Изов 4, Димитриев, Иванов 2, Барбутов, Ристовски, Божинов 4, Лазаров 7, Златевски, Атанасов 1;
ЗА ТРЕТО МЕСТО
БОРЕЦ БАСКЕТ – КУМАНОВО 25:23
(10-7; 6-4; 3-9; 6-3)
БОРЕЦ БАСКЕТ: Д. Љутков 14, Јовановски 4, Милованов 2, Кимов 5, С. Љутков, Абединов, Дамјановски, Богдановски, Пантовски, Цилаков, Пановски, Јованов 2;
КУМАНОВО: Ѓориќ 2, Јовчевски, Димковски 3, Ангеловски 8, Пешевски 8, Спасовски, Ѓорѓевиќ 2, Петрушевски, Симоновски, Стоиловиќ, К. Спасовски
ФИНАЛЕН ТУРНИР – М12 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Струмица – Борец баскет 36:22
Феникс 2010 – Куманово 47:32
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Борец Баскет – Куманово 25:23
ФИНАЛЕ
Феникс 2010 – Струмица 35:22