13.05.2023

Овие две екипи, во недела (од 19 часот), ќе се борат за победничкиот пехар во најмалата возрасна категорија

МЛАДИНСКИ ЛИГИ-М12-МАЖИ: Струмица и Феникс 2010 во финалето

Во првиот полуфиналeн меч од завршниот турнир кој се игра во Скопје, екипата на Струмица, се чини полесно од очекуваниот, славеше сигурен триумф против велешки Борец баскет.

ПОЛУФИНАЛЕ - 1

СТРУМИЦА – БОРЕЦ БАСКЕТ    36:22

(12-6; 7-3; 4-6; 13-7)

СТРУМИЦА: Гоцевски 4, Крстевски 3, Стојковски 10, Изов, Димитриев 2, Иванмов, Барбутов, Ристовски 2, Божиновски 6, Лазаров 2, Златевски 7, Атанасов;

БОРЕЦ БАСКЕТ: Д. Љутков, Јовановски 4, Милованов 10, Кимов 1, С. Љутков, Абединов, Дамјановски, Богдановски 4, Пантовски, Цилаков, Пановски 1, Јованов 2;

Имаа младите струмички кошаркари постојано водство. Од почетните (12:6), во првиот период, до оние (19:9)  кои ги имаа на полувремето, и кои ги зголемија во оној последен период. Велешани беа подобри само во третата четвртина која ја добија со минимални (6-4).

Противник во финалето и борбата за златните одличја ќе им биде домашинот на овој собир, екипата на феникс 2010.

Се покажаа како далеку подобар противник од Куманово. На крајот тоа го потврдија со убедлива победа (47:32).

ПОЛУФИНАЛЕ - 2

ФЕНИКС 2010 – КУМАНОВО     47:32

(18-7; 12-5; 15-15; 2-5)

ФЕНИКС 2010: Лескаровски 9, Трипуновски 8, Филипче 4, Јовановски 2, Ничевски 3, Ѓорѓиев 8, Василев 6, Гоцевски, Милосављев 3, Попов 2, Поповски 2, Јарчевски

КУМАНОВО: Ѓориќ 4, Јовчевски, Димковски 2, Ангеловски 5, Пешоски 15, Спасовски, Ѓорѓевиќ 2, Петрушевски 4, Симоновски, Стоиловиќ, К. Спасовски

Уште во воведниот период од играта домашните кошаркари се стекнаа со висока прендост, имаа плус од 11 поени (18:7), која до полувремето ја „однесоа“ до уште повисоки (30:12). Па во второто полувреме тренерот Дамјан Саздов им даде на сите расположиви сили, и да „одмори“ дел од носителите на играта за завршниот меч во сезоната.  

Во недела, на програмата се финалните натпревари. За третото место од 17.часот, ќе играат екипите на Борец баскет и на Куманово, а за првото место, од 19.часот, исто така во салата „Наум Наумовски-Борче“ во скопската населба Маџари, ќе играат Струмица и Феникс 2010.

ФИНАЛЕН ТУРНИР - РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Струмица – Борец баскет          36:22

Феникс 2010 – Куманово          47:32

14. МАЈ (НЕДЕЛА)

17.00: ЗА ТРЕТО МЕСТО - Борец Баскет - Куманово

19.00: ФИНАЛЕ - Струмица – Феникс 2010