04.12.2019

МЛАДИНСКИ ЛИГИ-МАЖИ: Изедначен почеток

Големиот број на пријавени екипи, услови канцеларијата на Младинските лиги да направи неколку групи.

А во улога „носител на активностите“ секако се екипите од Првата лига, како што е примерот во М-18 лигата.

Освен осумте прволигаши, системот за натпреварување вели дека се вклучени и уште три групи, Исток, Запад, односно зоната-Скопје, преку кои пријавените екипи ќе се обидат да стигнат до оној прволигашки статус.

Во првите пет кола до ова натпреварување, некако во преден план се најдоа три екипи, па по некомплетираните пет кола, засега во улога на ко-лидери се екипите на Партизан Водно Санс, Феникс 2010 и Вардар.

Следното коло во М-18 конкуренцијата носи два исклучително интересни дуели во кои се среќаваат екипите на МЗТ Скопје и Феникс 2010, односно Работнички и Партизан Водно Санс.

*Второлигашите се поделени во три групи, а во онаа западната, селекцијата на Гостивар засега е со стонастотен ефект. Има максимални десет бода во друштво на Црн Дрим, Пелистер и Петровски.

На истокот во улога на прв фаворит се промовираа младинците на кавадаречки Еуро Никел 2005, кои во оваа коло безмилосно го наполнија кошот на Пробаскет, славеа со повеќе од убедливи, (98:43).

Во скопската група пак, три екипи се со идентичен ефект. Освен вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром, во трка за повисок пласман се уште и екипите на ТФТ, Шкупи односно Вибас Баскет.

*По пет одиграни кола во М-16 конкуренција, на играчи родени 2004 година и помлади, Партизан Водно Санс и Работнички освоија најмногу бодови, и двете по девет, со кои заслужено се на делба на врвот на табелата. Веднаш зад нив, со шанса да се израмнат се и Академија ФМП односно МЗТ Скопје, додека далеку назад, во долниот дел од табелата се екипите на Куманово, Вардар, Феникс 2010 и Гостивар.

И во оваа возрасна категорија имаме поделба на квалитетот односно онаа регионалната.

Екипата на Шкупи е првопласирана екипа на Истокот, додека пак со максимални пет победи Еуро Никел 2005 е на првата позиција на Западот.  

*По уводните пет натпревари од оваа возрасна категорија, М-15, станува јасно дека селекцијата на Работнички е еден од кандидатите за освојување на шампионскиот пехар, макар што патот до тие позиции е доста долг.

Сепак, максималниот ефект пет победи, изразени со убедлив кош-количник. Пример илустриран на последниот меч во „Градски парк“, против екипата на Спарта (победа од 125:52).

Во трката за самиот врв е и Феникс 2010, кој во вој круг од натпреварите го доби дуелот со Водњански лисици (74:58), и струшки Црн Дрим кој победи во Скопје, против Партизан Водно Санс (96:72).

Во групата „Б“ пак е доста поизедначено, а засега водечка екипа е онаа на МВП Струмица, која до тоа место дојде со убедливиот триумф против екипата на ТФТ (80:57) во Скопје.

*Во „најмалата“ (според бројот на години) лига во машка конкуренција, лигата М-14, вкупно 16. екипи кои се поделени во две групи, Исток односно Запад.  

Со оглед на тоа што натпреварите започнаа нешто подоцна од предвидувањата, овој викенд на програмата беше третото коло.

Во локалното скопско дерби, момчињата на Партизан Водно санс беа поуспешни од Вардар (94:76), Гостивар го доби Ролинг 08 (60:55), а Дино Баскет излезе како победник против Академија ФМП (100:89).

На Западот, Водњански Лисици го изненадија составот на МЗТ Скопје Аеродром (58:52), додека Спортисимо беше пресилен за битолски Јуниор Баскет (73:43).

 

М-18 – ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Работнички – МЗТ Скопје-1      /

Вардар – Феникс 2010   68:76

Партизан ВС-1 – Куманово       149:41

ФМП Академија – Чаир 2030   /

ТАБЕЛА: Партизан ВС-1 9, Феникс 2010 9, Вардар 9, МЗТ Скопје А-1 (-1) 7, Работнички (-1) 6, Куманово 6, ФМП Академија 4 (-1), Чаир 2030 (-1) 4

ИДНО КОЛО (07.12)

МЗТ Скопје 1 – Феникс 2010

Работнички – Партизан ВС 1

Чаир 2030 – Вардар

Куманово – ФМП Академија

 

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Петровски – Пелистер    74:78

Црн Дрим – Гостивар      56:78

ТАБЕЛА: Гостивар 10, Црн Дрим 7, Пелистер 7, Петровски 6

ИДНО КОЛО (07.12)

Пелистер – Црн Дрим

Гостивар – Петровски

 

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Ролинг 08 – Кожув           85:77

Борец Баскет – слободен

Пробаскет – Еуро Никел 2005 43:98

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 9, Ролинг 08 9, Кожув 7, Борец Баскет 6, Пробаскет 6, Риниа 5

ИДНО КОЛО (07.12)

Риниа – Ролинг 08

Пробаскет – Кожув

Борец Баскет – Еуро Никел 2006

 

ВТОРА ЛИГА – СКОПЈЕ

Вибас Баскет –  Шкупи   96:65

Партизан ВС-2 – МЗТ Скопје А-2         /

ФМП Академија – Квиско Баскет        /

ТФТ – слободен

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје А-2 6, ТФТ 6, Шкупи 6, Вибас Баскет 6, Партизан ВС-2 5, Квиско Баскет 4, ФМП Академија 3

ИДНО КОЛО (07.12)

Вибас Баскет – Партизан ВС-2

Квиско Баскет – ТФТ

МЗТ Скопје А-2 – ФМП Академија

Шкупи - слободен

 

М-16 – ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Работнички – Вардар      81:52

Феникс 2010 – Куманово          71:77

Гостивар – Партизан ВС 65:81

ФМП Академија – МЗТ Скопје А.

ТАБЕЛА: Партизан ВС 9, Работнички 9, ФМП Академија 8, МЗТ Скопје 8, Куманово 6, Вардар 7, Феникс 2010 6, Гостивар 5

ИДНО КОЛО (07.12)

Вардар – МЗТ Скопје А.

Партизан ВС – ФМП Академија

Работнички – Феникс 2010

Куманово – Гостивар

 

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Дино Баскет – Кожув      100:31

Шкупи – Струмица           57:55

МВП Струмица - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 8, МВП Струмица 7, Дино Баскет 6, Струмица 5, Кожув 4

ИДНО КОЛО (08.12)

Кожув – МВП Струмица

Дино Баскет - Струмица

Шкупи- слободен

 

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

Чаир 2030 – Еуро Никел 2005  32:72

Пелистер – Борец Баскет           /

Тетово Булс – Партизан ВС       51:68

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 10, Пелистер 9, Партизан ВС-2 8, Борец Баскет 5, Чаир 2030 5, Тетово Булс 5,

ИДНО КОЛО (07.12)

Тетово Булс - Еуро Никел 2005

Борец Баскет – Чаир 2030

Пелистер - Партизан ВС-2

 

 

М-15 – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

ГРУПА А

Работнички – Спарта       125:52

Феникс 2010 – В. Лисици74:58

Партизан ВС – Црн Дрим           72:96

ТАБЕЛА: Работнички 10, Феникс 2010 9, Црн Дрим 8, В. Лисици 7, Партизан ВС 6, Спарта 5

ИДНО КОЛО (07.12)

В. Лисици – Работнички

Партизан ВС – Спарта

Феникс 2010 – Црн Дрим

ГРУПА Б

Пинк Пантери – Вардар /

ТФТ – МВП Струмица      57:80

Дино Баскет – ФМП Академија          83:98

Ангели - слободен

ТАБЕЛА: МВП Струмица 8, ТФТ 7, Дино Баскет 7, Вардар 6 (-1), ФМП Академија 5, Ангели 3, Пинк Пантери 3 (-1)

ИДНО КОЛО (07.12)

Вардар – МВП Струмица

Пинк Пантери – Ангели

ФМП Академија – ТФТ

Дино Баскет - слободен

 

М-14 – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

ГРУПА ИСТОК

Дино баскет – Академија ФМП           100:89

Ролинг 08 – Гостивар      55:60

Партизан ВС – Вардар 1 94:76

Куманово – Баскет КАМ /

ТАБЕЛА: Партизан ВС 5, Баскет КАМ 4 (-1), Вардар 1 4, Дино Баскет 4, ФМП Академија 3, Ролинг 08 3, Гостивар 3, Куманово 1 (-1)

ИДНО КОЛО (07.12)

ФМП Академија – Баскет КАМ

Дино Баскет – Ролинг 08

Вардар-1 – Куманово

Гостивар – Партизан ВС

 

ГРУПА ЗАПАД

Црн Дрим -Вардар 2       /

Пелистер – Пробаскет    /

Спортисимо – Јуниор Баскет    73:43

МЗТ Скопје А. – В. Лисици         52:58

ТАБЕЛА: В. Лисици 6, МЗТ Скопје А 5, Вардар-2 4 (-1), Спортисимо 5, Црн Дрим 3 (-1), Јуниор Баскет 3, Пробаскет Академија 2 (-1), Пелистер 2 (-1)

ИДНО КОЛО (07.12)

Вардар-2 – Пробаскет Академија

Црн Дрим – Спортисимо

В. Лисици – Пелистер

Јуниор Баскет – МЗТ Скопје А.