09.01.2024

Три екипи, Водно Санс, Вардар и Феникс 2010 се на „растојание“ од две победи

МЛАДИНСКИ ЛИГИ-МАЖИ: „Турканица“ на врвот во М18 лигата

На две кола пред крајот на регуларниот, односно прв дел од М18 лигата, екипата на Водно Санс е лидер во оваа конкуренција. Во 12. одиграни натпревари, имаат 11. победи и само еден негативен резултат. И имаат една победа повеќе во однос на екипата на Вардар која е на ефект (10-2), и Феникс 2010 (9-3), и тука некаде завршува кругот на кандидатите за највисок пласман, особено ако се земе во предвид дека четвртопласираниот Кожув е на половичен ефект (6-6).

Големи шанси за место во најдобрите во оваа конкуренција има и екипата на МКК Куманово, има максимален ефект во осум одиграни кола во втората лига-Исток, и е на чекор пред кавадаречки Еуро Никел 2005 кој е на скор (7-1).

Во групата „Запад“, лидерска екипа е Пелистер. Битолчани се на ефект од девет победи и два порази, кој може да го достигне и вториот тим на Гостивар, додека веднаш до ние е ТФТ со учинок од седум победи и три порази во досегашниот дел од сезоната.

М18-МАЖИ - ПРВА ЛИГА

ТАБЕЛА: Водно Санс 23, Вардар 22, Феникс 2010 21, Кожув 18, МЗТ Скопје Уни Банка 17, Водњански Лисици 15, Работнички 2018 15, Баскет Кам 12;  

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК

ТАБЕЛА: МКК Куманово 16, Еуро Никел 2005 15, Феникс Спорт 12, Борец Баскет 11, Чаир 2030 10, Вибас 8;

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

ТАБЕЛА: Пелистер 20, Гостивар 2 18 (-1), ТФТ 17 (-1), Црн Дрим 15 (-1), Ангели 15, ИБА баскет 12 (-1), Гостивар 10 (-1);

Во две години „помладата“ лига, младите кошаркари на скопски Вардар може да се пофалат дека се со максимален број на бодови. Во 12. натпревари остварија исто толку победи.

Веднаш зад нивниот е резултатот на екипата на Работнички. Младите кошаркари од „Градски парк“ се на скор од 11.победи и само еден пораз, доста подобар во однос на оној на Водно Санс (8-4), односно МКК Куманово (7-5).  

Во оној второлигашки сегмент на оваа М16 лига, во групата „Исток“ екипите на Вибас и на ИБА баскет имаат само по еден неуспешен резултат, со забелешка дела Вибас има одиграно и еден натпревар повеќе.

Во групата „Запад“, максимален ефект за екипата на Пелистер.

Битолчани запишаа девет победи во исто толку одиграни мечеви во 2023 година. Со еден натпревар помалку, се на два чекори зад конкуренцијата која ја сочинуваат екипите на Универзитет Тетово и скопски ТФТ (ефект 8-2).  

М16-МАЖИ - ПРВА ЛИГА

ТАБЕЛА: Вардар 24, Работнички 13, Водно Санс 20, МКК Куманово 17 (-1), Феникс 2010 17 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 15, Борец баскет 14, Црн Дрим 12;

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК

ТАБЕЛА: Вибас 17, ИБА Баскет 15 (-1), Спортисимо 14 (-1), Струмица 13 (-1), Ангели 12, Ролинг 08 11, Дино Баскет Деликатес 10 (-1), Кожув 10;

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

ТАБЕЛА: Пелистер 18 (-1), Универзитет Тетово 18, ТФТ 18, Чаир 2030 16, Охрид 15, Мега баскет 13, Тетекс ТТК 13, МЗТ Скопје Уни банка 12, Гостивар 9 (-1);

Малку поинаков е системот на  натпреварување во М14 лигата, затоа што пријавените екипи се поделени во четири групи.

Во „групата 1“, струшки Црн дрим е единствената екипа која има максимален број на победи – девет, во исто толку одиграни натпревари.

Максимален ефект во „групата 2“, има екипа на МКК Куманово – седум победи во седум одиграни средби во досегашниот дел од сезоната. А истиот ефект го реализираше и екипата на Вардар, најдобрата во „групата 3“.

Во „групата 4“, лидер е екипата на МЗТ Скопје Уни банка со еден пораз во шест одиграни мечеви.   

М14-МАЖИ

ГРУПА 1

ТАБЕЛА: Црн Дрим 18, Феникс 2010 14 (-1), Работнички 14 (-1), Гостивар 13 (-1), МВП Скопје 11, Тетова Булс 10, Охрид 10;

ГРУПА 2

ТАБЕЛА: МКК Куманово 14, Љуботен 14, ИБА баскет 10, МЗТ Скопје Аеродром 10, Риниа 8, Вибас 8;

ГРУПА 3

ТАБЕЛА: Вардар 14, Водно Санс 12, Дино Баскет Деликатес 10 (-1), Спортисимо 10, Патриот 2016 8, Пробаскет 2019 6 (-1);

ГРУПА 4

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Уни Банка 11, АБА Струмица 9, Борец баскет 9 (-1), Чаир 2030 7, МВП Струмица 6 (-1);

Истиот систем за натпреварување се применува и во М12 лигата. Онаа во која во „групата 1“, Феникс 2010 е со максимален ефект, пред Вардар со еден пораз во пет одиграни мечеви. Во „групата 2“, води екипата на МВП Скопје (скор 5-1), каков што има и МВП Струмица, но и натпревар помалку. Лидер во „групата 3“, со идентичен резултат (пет победи и еден пораз) има екипата на Љуботен, додека во онаа последната, „група 4“,  Воно Санс засега е без грешка, затоа што во шест натпревари има шест победи

М12-МАЖИ

ГРУПА 1

ТАБЕЛА: Вардар 9, Феникс 2010 8, Тетова булс 8, ИБА баскет 7, Гостивар 7;

ГРУПА 2

ТАБЕЛА: МВП Скопје 11, Спортисимо 10, МВП Струмица 9 (-1), Тим баскет 7, Работнички 5 (-1),

ГРУПА 3

ТАБЕЛА: Љуботен 11, Борец баскет 9 (-1), МКК Вардар 8 (-1), Тетекс ТТК 8, Феникс баскет 6;   

ГРУПА 4

ТАБЕЛА:  Водно Санс 12, МЗТ Скопје Аеродром 10, Петровски баскет 8, МКК Куманово 7 (-1), Чаир 2030 5 (-1);