26.05.2024

Во натпреварот за третото место на завршниот турнир во Скопје, кумановци за поен подобри од екипата на Работнички (54:53)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: МКК Куманово стигна до „бронзата“ во М16 лигата

Екипата на МКК Куманово е освојувач на бронзените медали, односно третото место на завршниот турнир од М16 лигата кој овој викенд се игра во СРЦ „Кале “ во Скопје.

Во драматичен финиш, во кој победникот беше одлучен на три секунди пред крајот, беа за еден поен подобри од Работнички.

МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ       54:53

МКК Куманово имаше постојано водство во првото полувреме од натпреварот за третото место на завршниот турнир во Скопје. На истекот на првиот период имаа и двојно поголема предност, (14:7).

Но во наредниот кадетите на Работнички успеаја да се доближат до егал-резултат. До одморот анулираа четири поени од негативата, намалија на (24:27).

Во ист стил се одвиваа настаните и во третата четвртина. „сино-белите“ имаа контрола над резултатот, водеа, но не и убедливо. А до највисоката предност дојдоа на истекот од тој дел од играта. Беше и двоцифрена (46:35), креирана по серијата (10-2) во нешто повеќе од две минути.

Преку Беговски и Бошковски, „црвено-белите“ се вратија на (40:46), но во вистинско време за тимот од Куманово дојде тројката на Спасовски за (49:40), кога се играше 33.минута.

Но, Работнички продолжи со притисокот, и по поентирањето на Нешовиќ, дојде и на само еден посед заостанување (51:53), кога до крајот на мечот останаа да се играат 1:37 минута. Веќе во следниот напад, Работнички дојде и до толку посакуваното израмнување (53:53), кога уште еднаш погоди Беговски.

Во последната , драматична минута, Петковски погоди едно слободно фрлање, и го врати МКК Куманово во минимално водство (54:53). И победа, затоа што на противникот му остана само една секунда да стигне до невозможното – односно целосен пресврт.

МКК Куманово е „бронзен“!

Инаку, победникот на финалниот турнир во Скопје ќе биде познат по одигрувањето на финалето Вардар-Водно Санс кое стартува од 14.30. часот.

М16 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – МКК Куманово 97:42

Работнички - Водно Санс          67:93

ЗА ТРЕТО МЕСТО

МКК Куманово – Работнички  54:53

ФИНАЛЕ

14.30: Вардар – Водно Санс

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/BG5Q0PCCih4?si=Oub_kOMTC_cDmAUv

*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје