18.12.2019

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Младинското дерби за „баделки“

Во натпреварот од петтото коло од М-18 лигата, кошаркарките на Бадел 1862 беа убедливи против Вардар (69:47)...

 

Некомплетно петто коло е зад кошаркарките во М-18 конкуренција. А во него, барем според имињата, дерби натпревар требаше да биде оној во кој се сретнаа екипите на Бадел 1862 и Вардар.

На крајот, неизвесност немаше, славеа „баделки“ со сигурни (69:47), за потврда на првото место.

Уште поубедливи беа младите кошаркарки на Струга 2009 кои беа скоро двојно поефикасни од противникот, екипата на Гостивар (66:37).

*Два натпревари се одиграа и во М-16 конкуренцијата.

Во првиот Бадел 1862 немаше никакви проблеми против Пробаскет Академија (77:30). Многу повеќе неизвесност имаше на средбата помеѓу Спорт Тим и МВП Струмица. На крајот двата бода отидоа за Струмица, која го доби овој дуел со резултат (54:50).  

М-18 – ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Вардар – Бадел 1862 47:69

Струга 2009 – Гостивар 2009      66:37

Пелистер – слободен

ТАБЕЛА: Бадел 1862 8, Баскет КАМ 8, Вардар 6, Струга 2009 5, Шкупи 4, Гостивар 2009 4, Пелистер 4

ИДНО КОЛО

Бадел 1862 – Баскет КАМ

Вардар – Струга 2009

Гостивар 2009 – Пелистер

Шкупи – слободен

М-16 – ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Спорт Тим – МВП Струмица        50:54

Бадел 1862 – Пробаскет Академија    77:30

ТАБЕЛА: Бадел 1862 10, Вардар 9, Трокал 9, Пробаскет Академија 9, Струга 2009 8, Крива Паланка 7, Патриот 2016 7, МВП Струмица 7, Шкупи 6, Спорт Тим 6, Студент Академија 3

ИДНО КОЛО

Вардар – Струга 2009

Шкупи – К.Паланка

Трокал – Бадел 1862

МВП Струмица – Студент Академија

Патриот 2016 – Спорт Тим

ПОРАНО ОДИГРАНО:

Пробаскет – Струга 2009    28:58