Четвртфиналето кое се играше според системот „подобар во три натпревари“, во М12 лигата-жени, донесе една „мајсторка“, односно пласманот на финалниот турнир беше обезбеден по одигрување на трет натпревар, во една од четирите серии.
Први предноста која ја носи играњето на домашен терен ја искористија екипите на Вардар, Баскет Кам 2011, и Патриот 2016, кои во два одиграни натпревари ги елиминираа екипите на МВП Скопје, Работнички и Спорт тим од Неготино.
Серијата во која предност на домашен терен имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ја искористи и екипата на Струга 2009, макар преку одигрување на т.н. мајсторка“. На свој терен, во решавачкиот натпревар беа подобри од екипата на Дино баскет Деликатес (25:24) за крајни (2-1) во серијата.
Победниците на овие четири серии обезбедија пласман на завршниот турнир во М12 лигата-жени кој е закажан за 27.и 28.мај.
Јавното наддавање за добивање на организација на завршниот турнир во категоријата М12 лига-жени, ќе биде на 23. мај (вторник), од 14. часот, во просториите на КФСМ.
М12 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ПРВ НАТПРЕВАР
Вардар – МВП Скопје 35:19 (1-0)
Патриот 2016 – Работнички 49:30 (1-0)
Струга 2009 – Дино баскет Деликатес 32:39 (0-1)
Баскет Кам 2011 – Спорт тим 42:25 (1-0)
ВТОР НАТПРЕВАР
МВП Скопје – ВАРДАР* 18:32 (0:2)
Работнички - ПАТРИОТ 2016* 34:42 (0-2)
Дино баскет Деликатес - Струга 2009 42:43 (1-1)
Спорт тим - БАСКЕТ КАМ 2011* 28:31 (0-2)
ТРЕТ НАТПРЕВАР
СТРУГА 2009* – Дино баскет Деликатес 25:44 (2-1)
*- обезбедиле место на финален турнир
ДВОЈКИ ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Баскет Кам 2011
Патриот 2016 – Струга 2009