04.06.2022

Утре вечер, од 19.30 часот, во СРЦ „Кале“, за шампионската титула ќе се борат јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички 2018

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: МЗТ Скопје Аеродром подобар од МКК Куманово и закажа „вечно дерби“ во финалето на М18 лигата

Младите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром се вториот учесник во финалето на М18 лигата, откако во вториот  полуфинален дуел, беа многу подобри од екипата на МКК Куманово.

Па утре вечер, од 19.30 часот, ќе се борат за шампионската титула против екипата на Работнички 2018, која нешто порано го совлада составот на Водно Санс.

 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МКК КУМАНОВО       76:56

Младите „металци“ ја најавија победата уште во првото полувреме во кое за 20.минути на противникот му дозволија да постигне само 19. поени. На другата страна, избраниците на тренерот Бојан Христовски дојдоа до бројката од 32.поени.

Но затоа пак „сино-белите“ од Аеродром, продолжија со ефикасната игра и по големата пауза. Одиграа уште подобро во третиот период од второто полуфинале.

И на истекот на 30.минути, веќе имаа недостижни (59:38).

Утре вечер, од 17.часот, екипите на Водно Санс и на МК Куманово ќе се борат за бронзените медали, додека пак од 19.30 часот, на програмата е големото финале. Дуел на клубовите кои важат како „вечни противници“ не само во сениорска конкуренција.

За јуниорската титула, односно најдобра екипа во М18 лигата, ќе се борат МЗТ Скопје Аеродром и Работнички 2018.

ЗАВРШЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Работнички 2018 – Водно Санс           103:74

МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009     76:56

5. ЈУНИ (НЕДЕЛА) – ЗА ПЛАСМАН

ЗА ТРЕТО МЕТО

17.00: Водно Санс - Куманово 2009

ФИНАЛЕ

19.30: Работнички 2018 – МЗТ Скопје Аеродром