05.03.2020

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: МЗТ Скопје Аеродром убедлив против Феникс 2010, одличен почеток на МВП Струмица во второлигашкото „Оролоџо“ од М-16 лигите

Изминатиот викенд стартуваше и вториот дел од сезоната во Првата лига од М-16 конкуренцијата.

 

Поточно на програмата беше првото коло од Првата лига од „Оролоџо“ системот за натпреварување. Односно втората фаза во М-16 лигата која опфаќа одигрување на уште седум натпревари според системот во кој најдобрите четири екипи ќе се пласираат директно во четвртфиналето, додека оние кои се пласирани од 5. до 8. место ќе разигруваат со првопласираните четири екипи од новоформираната Втора лига, со спојувањето на групите Исток и Запад.

Во првиот меч, кадетите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до убедлив триумф против своите врсници од Феникс 2010, (82:63). Два бода со кои момчињата од Аеродром дојдоа поблиску до четвртфиналето.

До два бода, но без борба, стигна и екипата на Куманово 2009 која службено го доби мнатпреварот со Гостивар, а нешто подоцна, на 10.март, својот меч од овој круг на натпреварите ќе го одиграат Работнички, и водечката екипа во лигата, Партизан Водно Санс.

Во второлигашката конкуренција пак веќе се одиграа четири кола. Во она последното, младите кошаркари на МВП Струмица го задржаа стонастотниот ефект. Ја прославија и четврттата победа во исто толку натпревари во овој дел од шампионатот во М-16. И сериозно му се доближија на водечкиот Еуро Никел 2005, кој минатиот викенд „застана“ токму во Струмица.

Далеку назад зад овие две екипи се Шкупи, Струмица и Дино баскет. Во тој круг и ќе се бараат кандидатите за пласман во ТОП 4 кој води во разигрувањето за местата кои водат кон финалниот турнир.  

М-16 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

1.КОЛО-ОРОЛОЏО

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010          82:63

Куманово 2009 – Гостивар        20:0сл.

Вардар – Академија ФМП         76:72

Работнички – Партизан ВС        10.03.

ТАБЕЛА: Партизан ВС 25 (-1), Куманово 2009 25, Работнички 24 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 24, Вардар 24, Академија ФМП 20, Феникс 2010 19, Гостивар 15

ИДНО КОЛО (07.03)

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Партизан Водно Санс – Феникс 2010

Гостивар – Академија ФМП

Работнички – Вардар

ВТОРА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

1.КОЛО ОРОЛОЏО

Еуро Никел 2005 – Борец Баскет        64:31

МВП Струмица – Дино Баскет 68:55

Струмица – Партизан Водно Санс-2  67:54

Шкупи – Пелистер            60:56

2. КОЛО ОРОЛОЏО

Дино Баскет – Еуро Никел 2005         97:73

Борец Баскет – Струмица          35:82

Пелистер – МВП Струмица       65:71

Партизан Воднос Санс-2 – Шкупи      51:71

3. КОЛО ОРОЛОЏО

Струмица – Еуро Никел 2005   75:56

Дино Баскет – Пелистер 77:47

Шкупи – Борец Баскет    69:33

МВП Струмица – Партизан Водно Санс-2   20:0сл.

4. КОЛО-ОРОЛОЏО

Еуро Никел 2005 – Пелистер    74:46

Партизан Водно Санс-2 – Дино Баскет         62:98

Борец Баскет – МВП Струмица           41:61

Струмица – Шкупи           63:42

ТАБЕЛА: МВП Струмица 21, Еуро Никел 2005 20, Струмица 18, Шкупи 18, Дино Баскет 16, Пелистер 14, Партизан Водно Санс-2 13, Борец Баскет 10

ИДНО КОЛО (07.03)

Шкупи – Еуро Никел 2005

Пелистер – Партизан Водно Санс-2

МВП Струмица – Струмица

Дино Баскет – Борец Баскет